Домашни банки
НЛБ Банка и Отворени забавни фудбалски зони со проект за развој на младински спорт „Растеме во шампиони“

Под мотото „Растеме во шампиони“, НЛБ Банка во соработка со организацијата Отворени забавни фудбалски зони – Македонија започнува проект за развој на младински спорт. Вчера, на градскиот плоштад во Струмица, беше одржан првиот спортски настан со кој беше означен почетокот на проектот, кој ќе се реализира во вкупно 10 градови низ земјата.
Станува збор за т.н „grassroot“ спортски активности кои имаат за цел да ги воведат децата и младите во спорт, но и да ги здружат и зближат без разлика на пол, етничка припадност, религија или статус. На секој настан ќе бидат вклучени деца на возраст од 6 до12 години, со кои ќе работат тренери-наставници, млади асистенти, а во својство на амбасадори, и наши познати спортисти. На настаните ќе се реализираат забавни спортски игри: штафета, разни игри со топка, скокање на јаже, хулахоп, вежби за координација и др.
„НЛБ Банка е силен поддржувач на професионалниот спорт и спонзор на многу спортски клубови во земјава. Но, овојпат даваме сесрдна поддршка на проект за развој на младински спорт, кој има за цел да ја подигне свесноста за активно вклучување на децата во спорт уште од најрана возраст и да промовира здрави животни навики како важна основа за генерациите што доаѓаат. Инвестирајќи во овој проект, ние сме посветени на негување на талентите и вештините на младите спортисти, обезбедувајќи поздрава и поперспективна иднина за нашата заедница.“ – истакнуваат од НЛБ Банка.
На вчерашното големо отворање во Струмица, учество земаа повеќе од 100 деца. Настанот го отворија претставници од НЛБ Банка и Отворени забавни фудбалски зони – Македонија, претставници на општина Струмица, а присуствуваа голем број родители и наставници од основните училишта во градот.
„Проектот „Растеме во шампиони“ е проект кој освен спортско-рекреативна димензија има бројни социолошки придобивки за децата; развивање на чувство за заедништво, фер плеј однесување, взаемна почит, дружење и спортување за секое дете без разлика на полова и етничката припадност, и индивидуалните способности за одредени спортови за кои не е примарен резултатот. Во нашиот проект сите деца се Шампиони! Многубројните вежби и игри се димензионирани така што овозможуваат повеќекратно доживување на мали успеси кај секој од учесниците. Огроман благодарност до НЛБ Банка која ја препозна вредноста на проектот и овозможи негова реализација“ – истакнаа од Отворени Забавни Фудбалски Школи – Македонија.
Согласно планираното, до крајот на годината еднодневни спортски настани во рамките на проектот „Растеме во шампиони“ ќе се реализираат и во Охрид, Тетово, Гостивар, Неготино, Кавадарци, Битола, Прилеп, Гевгелија и Куманово.
Инаку, Отворени Забавни Фудбалски Школи – Македонија е хуманитарен, политички неутрален и непрофитен проект, организиран од страна на Cross Cultures Project Association, Копенхаген (CCPA) во соработка со Фудбалскиот Сојуз на Норвешка (NFF). Целта на организацијата е да им се овозможи на децата богато и вредно спортско искуство, како и да се промовира спортот, да се пронајдат нови, идни спортисти и да се развие нивниот талент. Во своето, повеќе од две-децениско постоење, Отворени Забавни Фудбалски Школи- Македонија има остварено успешна соработка со бројни меѓународни организации и амбасади, министерства и општини, владини и невладини организации и компании. Организирани се над 350 школи на кои земале учество повеќе од 110.000 деца.
Домашни банки
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство