Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка и Кроација осигурување-Живот го заокружија месецот на финансиско советување

Објавено

на

Изминатиот викенд во Градскиот парк во Скопје, НЛБ Банка, во соработка со својот партнер – осигурителната компанија Кроација осигурување–Живот, организираше забавно – едукативен настан со што беше заокружен „Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти“.

Посетителите, меѓу кои најмногу родители и деца, имаа можност да уживаат во музичкиот настап на познатиот македонски пејач Влатко Лозаноски, а најмалите пак да се дружат со маскотите на НЛБ Детското штедење – Тиби и Штуки и Коко – маскотата на Кроација осигурување–Живот.

Настанот имаше за цел, преку игра и забава, да ги едуцира присутните како во иднина да носат паметни финансиски одлуки за подобар и посигурен живот, како ѝ да ги запознае посетителите со небанкарските финансиски продукти кои двете компании ги нудат преку меѓусебната соработка.

„Со нашиот партнер Кроација осигурување–Живот имавме исклучителен настан со кој финишираше едномесечниот „Караван за финансиско советување за небанкарски продукти“, а кој во целост го посветивме на финансиско советување и запознавање на клиентите со небанкарските финансиски продукти кои се дел од редовната понуда на Банката. Постојано го унапредуваме нашето портфолио, овозможувајќи им на клиентите широка понуда на банкарски и небанкарски продукти на едно место. Дополнително и во континуитет овозможуваме советување и едукација на клиентите за оптимално управување со средствата, носење правилни финансиски одлуки кои ќе одговорат на нивните моментални финансиски потреби и ќе им овозможат финансиска стабилност во иднина, поквалитетно и посигурно живеење“ – истакнуваат од НЛБ Банка.

„Постојано сме активни и навистина успеваме позитивно и едукативно да влијаеме на најмладите и уште од најрана возраст да им ги доближиме сите информации поврзани со правилното носење финансиски одлуки за подобар и посигурен живот. Имавме одличен настан со кој сметаме дека успешно ги заокруживме активностите од изминатиот месец, а поврзани со „Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти’’, – изјавија од Кроација осигурување-Живот.

За потсетување во текот на месец мај, НЛБ Банка, во соработка со своите партнери од осигурителните и инвестициските компании, пред своите експозитури ширум земјата го организираше вториот караван за финансиско советување за небанкарски финансиски продукти.

Домашни банки

НЛБ Банка од денес (29.11) започна со предвремена исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка АД Скопје од денес (29 ноември – вторник) започна со исплата на ноемвриските пензиите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка од денес (29.11.2022г.) започна со предвремена исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека пензиите за месец ноември 2022 се исплаќаат почнувајќи од денес (29 номеври 2022 година) во четири групи. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Тимот на ПроКредит Банка засади 4.700 садници бел бор

Објавено

на

Како дел од низата активности на банката за справување и намалување на ефектите на климатските промени, тимот на ПроKредит во координација и соработка со ЈП Национални Шуми изминатиот петок реализираше еко-инцијатива за пошумување на површина од 2 хектари во близина на Крива Паланка, каде беа засадени 4.700 садници бел бор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно