Connect with us

Депозити

НЛБ Банка изврши промена на каматните стапки на депозитите за физички и правни лица

Објавено

на

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица и правни лица во МКД и ЕУР клаузула, и истите се со важност од 01.11.2021 година.

Кај денарските депозити за физички лица, извршено е намалување од 0,01 до 0,35 процентни поени, додека кај депозитите во ЕУР клаузула од 0,01 до 0,24 процентни поени.

Кај депозитите за правни лица, намалувањето кај депозитите во МКД клаузула е од 0,05 до 0,48 процентни поени, додека кај депозитите во ЕУР клаузула од 0,10 до 0,19 процентни поени.

Новите каматни стапки се однесуваат на сите новосклучени договори за депозити, како и на постојните договори за депозити, при што новата каматна стапка ќе се аплицира на датумот на реорочување на договорот, односно при следното доспевање на депозитот.

Новите каматни стапки се објавени на следниот линк.

Повеќе информации можете да добиете во најблиската експозитура на НЛБ Банка или на телефонскиот број 02/15-600.

Депозити

НЛБ Банка ги објави најубавите детски цртежи во рамките на НЛБ Месецот на штедење

Објавено

на

НЛБ Банка ги објави победничките цртежи на тема „Да ја сочуваме нашата планета“, во рамките на НЛБ Месецот на штедење. Овој конкурс Банката го организира традиционално и јубилејно по 10-ти пат. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Тројца средношколци со своите есеи на тема „Штедење“ освоија награда – Штедна книшка со депозит од Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка ја смета финансиската писменост за клучен фактор за економски развој и благосостојба на населението. Затоа Банката е посветена на постојана едукација не само на клиентите, туку и воопшто на граѓаните, а особено на младата популација бидејќи добрите навики се создаваат од мали нозе. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Зошто го славиме Светскиот ден на штедењето?

Објавено

на

Финансиската писменост и едукацијата за управување со средствата, особено во неразвиените и земјите во развој е од голема важност за севкупното население. Идејата за формирање на Светскиот ден на штедењето потекнува од далечната 1924 година, неколку години по Големата депресија која настана како рушење на берзите во САД и финансиската криза со монетарната реформа во Германија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно