Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка: Известување за соработниците на НЛБ Банка за прекинување на постапување согласно Уредба со законска сила за примена на Закон за данок на додадена вредност

Објавено

на

На 27.03.2020 година во Службен Весник бр.80, беше донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за данок на додадена вредност за време на вонредна состојба и истата е со важност до 20- ти септември 2020 година.

„Ве известуваме дека, од 21- ви септември 2020 година, поради престанување на примена на Уредбата, Банката за валидни електронски фактури ќе ги смета само оние електронски фактури кои се издадени согласно член 53-б од Законот за данок на додадена вредност (а тоа се потпишани фактури со  примена на електронски потпис, кој е заснован на квалификуван сертификат кој е уреден со Законот за  податоците во електронски облик и електронски потпис).”, велат од НЛБ Банка АД Скопје.

НЛБ Банка им се заблагодарува на сите соработници кои ја прифатија и времено ја применуваа Уредбата во делот на електронски фактури и ги повикува сите соработници кои се во можност, на постапување и примена на електронска фактура согласно Закон за додадена вредност, бидејќи на тој начин заедно ќе се придонесе кон побрза дигитализација на процесите и користење на придобивките од истите во деловната сфера.

Домашни банки

Намалување на каматните стапки на Халкбанк на кредити за физички лица

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје изврши намалување на каматните стапки на потрошувачкиот и хипотекарниот кредит наменети за физички лица и понуди атрактивни услови за станбениот кредит. Овие услови ќе важат во промотивен период  до 31 декември 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„ФИКСНО СИ Е ФИКСНО“ – станбен и потрошувачки кредит на Шпаркасе Банка со фиксна каматна стапка

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје посветено работејќи на визијата да биде прв избор на клиентите и водечка банка по квалитет на услугa, стартува со нови атрактивни понуди за сите клиенти, со најповолни услови. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ќе овозможи тргување со акции без провизија на „Инвеститорскиот ден“ на Македонската берза

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година ќе им овозможи на граѓаните еден ден да купуваат или да продаваат акции на Македонската берза без плаќање провизија за брокерски услуги. Со ова Банката ќе даде свој придонес за успешна реализација на четвртиот по ред „Инвеститорски ден“ на Македонската берза, што ќе се одржи на 13.09.2023 година (среда). (more…)

Продолжи со читање

Популарно