Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

НЛБ Банка избрана за најдобра банка во Р.Северна Македонија според финансискиот магазин „Euromoney“

Објавено

на

На 10 јули 2019 година, на свеченото доделување на Euromoney наградите во Лондон, НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Р. Северна Македонија.

На годинешното јубилејно 50. свечено доделување на наградите на реномираниот британски магазин „Euromoney“ беа доделени награди на најдобрите банки и финансиски институции од целиот свет. НЛБ Бaнка АД Скопје е добитник на наградата за најдобра банка во Р. Северна Македонија, што претставува уште една потврда за нејзиното успешно работење и остварените позитивни резултати.

Доделувањето на Еuromoney наградите се базира на различни критериуми, при што покрај остварените деловни резултати, се земаат предвид пазарната позиција, иновативноста, новите услуги, системот на управување и професионалноста на вработените. Процесот на избор трае повеќе од два месецa со учество на новинари и кореспонденти на Euromoney магазинот кои го имаат завршниот збор при изборот на добитниците на наградите.

НЛБ Банка и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и иновативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува и проширува мрежата на експозитури, сè со цел поголема достапност за клиентите, поедноставување на работењето и подобрување на услугите кои ги нуди.

Покрај наградата за НЛБ Банка АД Скопје, оваа година НЛБ Групацијата е добитник на уште три награди: награда на НЛБ д.д. Љубљана за најдобра банка во Словенија, награда за најдобра трансформација во регионот на Југоисточна Европа и награда за НЛБ Банка Подгорица за најдобра банка во Црна Гора. НЛБ Групацијата е единствена универзална финансиска институција фокусирана исклучиво на регионот на Југоисточна Европа и нуди сеопфатна понуда на финансиски продукти и услуги.

Домашни банки

Комерцијална банка овозможи online аплицирање за потрошувачки кредити

Објавено

на

За потрошувачките ненаменски кредити на Комерцијална банка АД Скопје отсега може да аплицирате и електронски (online). За сите физички лица, корисници на услугата електронска банка, кои имаат опција за плаќање, Комерцијална овозможи побрза и поедноставна постапка преку online аплицирањето.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Возењето велосипед е нешто најблиску до летањето – 16 јули светски ден на велосипедизмот

Објавено

на

Робин Вилијамс на прашање од wall street journal зошто толку многу сака да вози велосипед едноставно одговорил „затоа што возењето велосипед е нешто најблиску до летањето“. Па затоа, денес, 16 јули Светскиот ден на велосипедизмот, ајде да ги оставиме автомобилите и да практикуваме култура на возење велосипед. И тоа не само денес, туку секој ден! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕИФ и ПроКредит Банка ја дуплираат поддршката за иновативните компании – дополнителни 800 милиони евра за мали и средни претпријатија

Објавено

на

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и ПроКредит групација ќе пласираат дополнителни 800 милиони евра за иновативни проекти на мали и средни претпријатија (МСП), што претставува вкупно 1.62 билиони евра за кредитирање на компании во 11 држави. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange