Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, НЛБ Банка од денеска, 3- ти јули, започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита.

Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 3- ти до 8- ми јули, клиентите ќе можат ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед.

Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:

–   6 јули (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

–   7 јули (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

–   8 јули (среда) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Со цел заштита на здравјетo, од НЛБ Банка препорачуваат средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, од Банката препорачуваат подигнувањето на средства да се врши на банкомат.

При посета на експозитура, од НЛБ Банка замолуваат да се почитуваат превентивните мерки, да се носи заштитна маска, да се чека ред на обележаните места и да се држи растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Домашни банки

Халкбанк преку кампања “На наша сметка” инвестира над 25.000 евра за поддршка на угостителскиот сектор

Објавено

на

Како дел од својата заложба за поддршка на малите бизниси погодени од корона-кризата, Халкбанк продолжува со уште една кампања наречена „На наша сметка“ преку која дава директна помош на вкупно 133 локали од угостителскиот сектор низ целата територија на земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Какви се очекувањата на Стопанска банка а.д. Битола за претстојниот период?

Објавено

на

Во периодот од 01.01-30.06.2020 година Стопанска банка а.д. Битола од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 52,42 милиони денари и покрај пандемијата на коронавирусот којашто го зафати светот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 52,4 милиони денари во првите шест месеци од 2020 година

Објавено

на

Во првата половина од 2020 година, Стопанска банка а.д. Битола беше фокусирана на остварување на клучните стратешки, деловни и финансиски цели во услови на вонредна состојба во државата и во услови на глобална економска неизвесност наметната од пандемијата од вирусот COVID-19. Банката настојуваше да го приспособи своето работење на новонастанатата ситуација залагајќи се, пред сè, за безбедност на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места. (more…)

Продолжи со читање

Популарно