Connect with us

Домашни банки

НЛБ БАНКА е победник на Банкарските спортски игри!

Објавено

на

Изминатиот викенд во Охрид се одржаа традиционалните спортски натпревари помеѓу вработени од банкарскиот сектор.

Со 10 освоени медали НЛБ Банка АД Скопје повторно на тронот и апсолутен шампион на спортските игри на СФОМ.

Позитивни впечатоци, огромно задоволство и освоени 6 први, 3 втори и 1 трето место, како и титула за севкупен победник, е резултатот на НЛБ Банка од спортските игри на Синдикатот на финансиски организации на Македонија кои изминатиов викенд се одржаа во Охрид.

Повеќе од 65 вработени во НЛБ Банка се натпреваруваа во: шах, серва, тенис, фудбал, пинг-понг, баскет, кошарка, одбојка, пикадо жени, пикадо мажи, куглање и стрелаштво и достојно ја претставија Банката.

“Заминавме со многу позтивна енергија и желба уште еднаш да покажеме како се бранат корпоративните бои на нашата НЛБ Банка. И во работата и во спортот, веруваме дека само посветено и тимски се постигнуваат резултати.” – велат вработените од НЛБ Банка по успешниот спортски викенд.

Честитки до победниците за извонредните резултати!

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Популарно