Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка донираше 60 лаптопи за училишта и ученици од социјално ранливи семејства

Објавено

на

НЛБ Банка како компанија е континуирано посветена на обезбедување поддршка во општествено одговорни активности особено кај најранливите категории. За време на Ковид кризата која нѝ наметна многу предизвици, Банката започна голема донаторска акција која денеска ја финализираше и подари 60 персонални компјутери (лаптопи) наменети за училишта и ученици од социјално ранливи семејства, а со цел поддршка при реализација на онлајн наставата.

Имено, при крајот на минатата година НЛБ Банка со поддршка од Mastercard, а по повод својот 35-годишен јубилеj, организираше голема донаторска акција, во која беа издвоени 30.000 евра за набавка на компјутери кои ќе им помогнат на учениците од социјално ранливи семејства за непречено и редовно следење на онлајн наставата.

Распределбата на компјутерите беше направена во соработка со Министерството за образование, а донацијата се реализираше во следните општини: Богданци, Градско, Јегуновце, Кавадарци, Кочани и Ресен.

„Нашата Банка како општествено одговорна компанија на повеќе наврати изминатата година, реализираше донации во согласност со најгорливите потреби кои произлегоа од пандемијата и несебично го даде својот значаен придонес за зајакнување на општественото ткиво. Една од главните иницијативи беше да обезбедиме неопходна поддршка за редовно спроведување на онлајн наставата и да им помогнеме на децата во надминување на предизвиците наметнати од Ковид кризата. Веруваме дека образованието, не само што е од клучно значење, туку претставува рамноправна придобивка за секое дете и бескомпромисно ќе се бориме секое од нив да го добие она што го заслужува“, велат од Банката.

Улогата на НЛБ Банка како системски значајна Банка е многу одговорна, а грижата за граѓаните и воопшто одржувањето на општественото добро е од клучно значење. Затоа нивните заложби и во иднина ќе продолжат во насока на континуиран придонес онаму каде е најпотребно со цел да се надминат предизвиците кои стојат пред нас.

Домашни банки

НОВО ПАРТНЕРСТВО: Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје со заедничка соработка во животното осигурување

Објавено

на

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

Објавено

на

Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Соопштение за неработни денови – Велигден 2021

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојните велигденски празници, филијалите на банката нема да работат на 30.04.2021 (петок) и 03.05.2021 (понеделник).
(more…)

Продолжи со читање


Популарно