Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка донесе одлука: Нема дивиденда за акционерите

Објавено

на

Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје, на седницата одржана на 23.04.2020, ја прифати Одлуката за употреба и распределување на остварената добивка од Годишна сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 година.

Во февруари, НЛБ Банка објави дека нејзината нето добивка е 15,3% над планираното и дека истата изнесува 1.849.918 илјади денари во 2019 година.

Согласно Одлуката, нето добивката на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 во износ од МКД 1.849.917.998,00 се распределува на следниов начин:

1. Нераспределена добивка 1.672.270.392,00 денари
2. Задржана заработувачка за инвестиции 177.647.606,00 денари

Тоа значи дека Банката ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, но тоа претставува голем удар за акционерите на НЛБ Банка, кои оваа година нема да ја добијат заслужената дивиденда.

Добивката која е распределена во задржана заработувачка за инвестиции се употребува за цели на развој и инвестиции во материјални и нематеријално средства за проширување на примарниот бизнис и не е достапна за плаќање на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за дистрибуција на акционери).

НЛБ Банка, иако донесе Одлука дека нераспределената добивка ќе биде задржана, сепак постои можност за делумна распределба на нераспределената добивка која ќе биде разгледувана кон крајот на 2020 година или подоцна, во зависност од развојот на пандемијата на коронавирусоти последиците од истата.

Домашни банки

Намалување на каматните стапки на Халкбанк на кредити за физички лица

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје изврши намалување на каматните стапки на потрошувачкиот и хипотекарниот кредит наменети за физички лица и понуди атрактивни услови за станбениот кредит. Овие услови ќе важат во промотивен период  до 31 декември 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„ФИКСНО СИ Е ФИКСНО“ – станбен и потрошувачки кредит на Шпаркасе Банка со фиксна каматна стапка

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје посветено работејќи на визијата да биде прв избор на клиентите и водечка банка по квалитет на услугa, стартува со нови атрактивни понуди за сите клиенти, со најповолни услови. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ќе овозможи тргување со акции без провизија на „Инвеститорскиот ден“ на Македонската берза

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година ќе им овозможи на граѓаните еден ден да купуваат или да продаваат акции на Македонската берза без плаќање провизија за брокерски услуги. Со ова Банката ќе даде свој придонес за успешна реализација на четвртиот по ред „Инвеститорски ден“ на Македонската берза, што ќе се одржи на 13.09.2023 година (среда). (more…)

Продолжи со читање

Популарно