Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка денес започна со предвремена исплата на јунските пензии

Објавено

на

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка денес (26 – ти јуни) ги исплати јунските пензии.

Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од денес пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 26 – ти до 1 – ви јули и истиот е креиран  согласно висината на пензијата и тоа :

  • На 26.06.2020 (петок) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија до 11.000 денари
  • На 29.06.2020 (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 11.001 до 14.000 денари
  • На 30.06.2020 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 14.001 до 18.000 денари
  • На 01.07.2020 (среда) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија над 18.000 денари.

Со цел заштита на здравјетo, НЛБ Банка апелира до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Доколку клиентите имаат потреба од готовина, Банката препорачува исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата веќе се достапни и истите може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

НЛБ Банка замолува клиентите да ги почитуваат превентивните мерки, да носат заштитна маска, да чекаат ред на обележаните места и да држат растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Домашни банки

Комерцијална банка со уште една општествено одговорна мисија – Онлајн обуки за практични вештини и знаење на 500 средношколци

Објавено

на

Во услови на пандемија од вирусот Covid-19 и ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк со известување за предвремена исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека ќе ги исплати ноемвриските пензии на 26 – ти ноември (четврток) и истите ќе може слободно да ги користат при пазарење со платежните картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка од утре започнува со предвремена исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

НЛБ Банка ги известува своите клиенти – пензионери дека ќе ги исплати ноемвриските пензии на 26- ти ноември (четврток). (more…)

Продолжи со читање

Популарно