Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка дел од 11-от регионален онлајн саем за вработување

Објавено

на

Вечерва на полноќ, точно во 00:00 часот започна најголемиот регионален онлајн саем за вработување!

На регионалниот онлајн саем се отворени над 500 слободни места во преку 80 компании од Македонија и регионот!

Саемот ќе трае од 7. до 14. октомври и сите посетители на саемот ќе можат да ја истражат богатата понуда на слободни работни места во над 80 компании од Македонија и регионот на веб страната https://regionalensaemzavrabotuvanje.com.

Редовен учесник на регионалниот саем за вработување е НЛБ Банка АД Скопје која е водечка банкарска институција во Република Северна Македонија со постојан тренд на пораст и позитивни резултати од основањето до денес. Банката спаѓа во групата на големи банки и според вкупната нето актива е трета по големина банкарска институција во Република Северна Македонија. НЛБ Банка АД Скопје воедно е лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги, својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Доколку сакате да бидете дел од НЛБ тимот на успешни професионалци посетете го НЛБ штандот на „Регионалниот саем за вработување“, достапен на следниот линк: https://mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com/pavilion/Финансии/stand/nlbbanka

Зошто НЛБ Банка?

Банката нуди одлични бенефиции за своите вработени како новогодишен бонус, подароци за децата на вработените, доедукација и учество на семинари и конференции, флексибилно работно време, 13-та плата, јубилејна плата, дополнителни денови за годишен одмор, регрес за годишен одмор, доплата за прекувремена работа, попусти за вработените, учество во добивката на банката, работа на иновативни проекти и користење на современи технологии, отпремнина итн…

Погодности од работењето во НЛБ Банка

  • Секојдневен кодекс на облекување
  • Членство во теретана
  • Флексибилно работно време
  • Систематски преглед
  • Тим билдинг
  • Овошје
  • Работа од дома

Погледнете го најновото видео и почувствувајте ја позитивната енергија и корпоративната култура во НЛБ Банка.

Среќа е да бидеш дел од НЛБ Тимот!

Домашни банки

Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка

Објавено

на

На „Facebook” е забележана ЛАЖНА Facebook страница под името на Шпаркасе Банка која ги бара Вашите лични податоци за понатамошна злоупотреба! ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д Скопје ги известува своите клиенти дека нема никаква поврзаност со тоа и ова е единствениот и официјален профил на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија

Објавено

на

Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Објавено

на

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)

Продолжи со читање


Популарно