Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка го “собори” сопствениот рекорд: Добивка од 25 милиони евра во 2016 година!

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2016 година до 31.12.2016 година НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2016-та година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата. Банката, во 2016-та година, ги оствари сите планирани оперативни и финансиски цели, при што зачувана е високата ликвидност, стабилност и солвентност на Банката.

 

Во 2016-та година, билансната сума достигна 71.643.346 илјади МКД, односно забележа пораст за 2.343.584 илјади МКД или за 3,4% во однос на 2015 година што главно се должи на порастот на депозитите од небанкарскиот сектор коишто се зголемени за 1.380.573 илјади МКД или за 2,4% и достигнаa 58.086.493 илјади МКД.

Вкупните кредити кон небанкарскиот сектор, во однос на 2015 година се зголемени за 2.416.493 илјади МКД или за 5,5% и изнесуваа 46.091.643 илјади МКД. Притоа, кредитите кај нефинансиските друштва се намалија за 3,7% или за 895.787 илјади МКД и изнесуваа 23.333.787 илјади МКД додека кредитите кај населението се зголемија за 10,2% или за 2.523.266 илјади МКД и изнесуваа 27.222.860 илјади МКД.

 

Нето добивката на Банката заклучно со 31.12.2016 година изнесува 1.579.295 илјади МКД и е повисока за 89,8% во однос на истиот период од 2015 година.

 

Нето каматните приходи, заклучно со 31.12.2016 година се повисоки за 12,2% споредено со истиот период од претходната година, при што приходите од камати се повисоки за 5,3%, главно поради повисока состојба на кредити од население при пониски каматни стапки како и повисоки инвестиции во хартии од вредност. Расходите по камати се пониски за 12,7%.  

 

Нето приходите од провизии се повисоки за 2,8%, при што приходите од провизии се зголемени за 8,2% како резултат на остварен пораст во доменот на картичното работење, повисоки приходи од платен промет во земјата, како и поради повисоки приходи од зголемениот број на трансакциски сметки, електронско банкарство и лично банкарство и повисоки приходи од провизии од продажба на полиси. Расходите за провизии се повисоки за 21,3%, главно поради зголемен обем на работа кај картичното работење, повисоки расходи од провизии за кредитни посредници, повисоки расходи од провизии за платен промет со земјата и странство и зголемени трошоци за работа со готовина.

 

Останатите некаматни приходи изнесуваат 300.360 илјади МКД и се повисоки за 14,0% во однос на истиот период претходната година.  

 

Вкупните приходи од работење изнесуваат 3.972.964 илјади МКД и се повисоки за 9,9%.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.866.311 илјади МКД и се повисоки за 8,2%. Трошоците за вработени се повисоки за 1,0% поради зголемен број на вработени во однос на 2015, трошоците за амортизација се повисоки за 1,1% поради инвестиции во банкомати и ПОС терминали во изминатата година, додека останатите расходи од дејност се повисоки за 16,3% главно поради издвоените резервации за правен ризик.

 

Заклучно со 31.12.2016, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа во износ од 349.432 илјади МКД, што е помалку за 64,5% споредено со истиот период од претходната година, што соодветствува на структурата и на квалитетот на пласманите на Банката. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваа 41.881 илјади МКД и се повисоки за 181,8% во однос на истиот период 2015, поради поголеми ослободени трошоци за оштетувања на нефинансиските средства во 2015 година.

 

Домашни банки

Комерцијална банка наградена од ЕБОР за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој ја награди Комерцијална банка за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“. Комерцијална банка ја добива оваа награда од ЕБОР по 18-ти пат и во континуитет со години како најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија во земјава.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Злато и сребро на Банкарските спортски игри за вработени во Комерцијална банка

Објавено

на

Силна мотивација, тимски дух и желба за победа – доволно за да остварат претставниците на Комерцијална банка низа успешни резултати на годинашните Банкарски спортски игри. Вработени во Комерцијална банка собраа златни и сребрени медали и покажаа и докажаа дека спортските вештини, засилени со цврста соработка и посветеност, се формула за успех. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка оствари нето добивка од 10,6 милиони евра во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2022 до 31.03.2022 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2022-та година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно