Домашни банки
НЛБ Банка го прослави својот 35 годишен јубилеј со голем акустичен концерт


Во услови на пандемија и неопходна физичка дистанца, НЛБ Банка го одбележа својот 35 годишен јубилеј на сосема поинаков и невообичаен начин. Со пораката „Сплотени преку музиката прославуваме заедно“ тие на македонската јавност и подарија целовечерен акустичен концерт со неколку од нашите најголеми музички ѕвезди. Со поддршка на македонската музичка сцена Банката упати уште една силна порака и ја покажа грижата за македонските уметници и нивната важност во услови на пандемија.
Концертот кој беше прикажан во недела вечер на Канал 5 телевизија, но и преку нивнитe официјални Фејсбук и Јутјуб канали, предизвика бројни позитивни реакции кај клиентите, соработниците и воопшто целата македонска јавност.
Преку гитарските рифови на Влатко Стефановски, моќните женски вокали на Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Ареа, и секогаш актуелните Нокаут, Банката се обиде да ја пренесе силната желба за заеднички да го прослави 35 годишниот јубилеј со сите свои вработени, клиенти и соработници.
На самиот залез од 2020 година кога на сите ни е јасно дека работите уште долго време нема да можат да се вратат во својата нормала, НЛБ Банка со овој музички подарок успеа да внесе во домовите ведрина, свежина и позитивен дух.
Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје од денес започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита


Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека денес, 04.03.2021 (четврток)изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички,средствата се веќе достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите. (more…)
Домашни банки
НЛБ Банка од денес започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита


НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална и детска заштита ќе ја исплати денес, 4– ти март. (more…)
Домашни банки
Драгољуб Арсовски го зголемува својот акционерски капитал во ТТК Банка АД Скопје


ТТК Банка АД Скопје преку известување на Македонска берза информира дека претседателот на Управниот одбор на банката, д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 500 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 4 weeks
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Анализипред 1 month
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје