Платежни картички
НЛБ Банка го зголеми износот на 2.000 денари за бесконтактни плаќања без потреба за внес на ПИН код

Со цел поголема заштита на клиентите и спречување на ширење на Корона вирусот, НЛБ Банка го зголеми износот за вршење на бесконтактни плаќања без потреба од внесување на ПИН код на своите ПОС терминали.
Со оваа мерка, моменталниот износ од 750 мкд се зголемува на 2.000 мкд. Со оваа можност се опфатени сите плаќања со MasterCard и Visa картичките со бесконтактна технологија, како и NLB Pay мобилниот паричник на ПОС терминалите на НЛБ Банка.
Бесконтактната технологија претставува брз, едноставен и во овој момент најбезбеден начин на плаќање во продажните места. Со зголемувањето на износот на бесконтактните плаќања без дополнително внесување на ПИН се овозможува да се намали контактот помеѓу корисниците на картичките и продавачите.
НЛБ Банка апелира до сите свои клиенти да се грижат за сопственото и јавното здравје, и воедно ги охрабрува клиентите да плаќаат бесконтактно, за своја поголема заштита.
Платежни картички
ШПАРКАСЕ БАНКА: ПРВА БАНКА ШТО ЌЕ ИЗДАВА ЦЕЛОСНО РЕЦИКЛИРАЧКИ КАРТИЧКИ

Како дел од зелената транзиција, за првпат во банкарскиот сектор во земјава Шпаркасе Банка започна да издава Visa Eco картички од рециклирачки материјал, со посебни својства на разградливост. Производството на картички на разградлив материјал, ќе влијае да се заштедат минимум 300 кг пластика произведена и одложена во животната средина годишно, или еквивалент на 1.800 кг CO2. (more…)
Платежни картички
ИутеКредит ја воведува првата биоразградлива картичка во земјата

Еко свесноста е еден од главните принципи во работењето на ИутеКредит Македонија. Постојаното залагање за развој на финансиски услуги кои ќе остават што помал белег на природните ресурси се пресликува и во користење на производи кои се во синергија со оваа мисија на компанијата. (more…)
Платежни картички
Промотивна акција за Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка за уживање во празничната магија

Со Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка дозволете си повеќе за време на волшебната и празнична сезона и исполнете ги своите и желбите на најблиските. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје