Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Кредити

НЛБ Банка го зголеми износот на потрошувачки кредит на максимални 25.000 евра

Објавено

на

Согласно со порастот на платежната способност на населението, расте и прагот до кој граѓаните имаат можност да се задолжуваат по основ на необезбедени потрошувачки кредити.

Засега, Комерцијална банка води во овој сегмент, дозволувајќи им на вработените на неопределено време да подигнат кредит до неверојатни 30.000 ЕУР или 1.800.000 МКД без хипотека, со Договор и меница.

Следна од банките која ја следи оваа пракса е НЛБ Банка која од неодамна започна на своите клиенти да им нуди необезбедени кредити до максимални 25.000 ЕУР или 1.500.000 МКД.

Како обезбедување, може да одберете помеѓу две опции

Опција со жиранти:

– За кредити до 300.000 МКД: Без жиранти
– За кредити од 300.001 МКД до 600.000 МКД: 1 (еден) кредитоспособен жирант
– За кредити над 600.001 МКД: 2 (двајца) кредитоспособни жиранти

Опција со солемнизација:

– Солемнизација – потврда на договор за кредит на нотар
– Без меница
– Tраен налог за наплата на обврски по кредит

За двете опции, неопходно е да се достави Административна Забрана од барателот (и жирантите) или солемнизација – потврда на договор за кредит на Нотар и дополнително обезбедување во форма на Полиса за ризико осигурување.

Повеќе информации ТУКА.

Кредити

Промотивни услови за СУПЕР Станбениот кредит од ТТК Банка со фиксна каматна стапка во првите пет години

Објавено

на

Дојде време за нов стан! Сега имате можност поблиску од кога било да стигнете до нов стан или куќа со СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Нов прирачник „Купи куќа – купи стан“

Објавено

на

Министерството за финансии изготви прирачник за проектот “Купи куќа, купи стан“, кој е поставен на веб страницата на министерството. За неполни три месеци откако стапија на сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Од оваа есен нови кредитни производи на Еуростандард банка

Објавено

на

Со доаѓањето на есента животните трошоци нагло растат, трошоците поврзани со новата училишна година мораат да бидат подмирени, школарината за новата студентска година да биде платена, средствата потрошени за годишниот одмор да се надокнадат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange