Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка ги повикува децата да цртаат за убавините на нашата земја по повод Месецот на штедење

Објавено

на

Оваа година, по девети пат, НЛБ Банка го организира НЛБ Месецот на штедење на тема: „Ги истражуваме убавините на нашата земја со Тиби и Штуки!”.

НЛБ Месецот на штедење започнува на 25 септември и ќе трае до 25 октомври 2020 година, a во рамките на истиот децата на возраст од 5 до 15 години ќе имаат можност да цртаат на тема ,,Штедење и истражување на убавините на нашата земја“.

„Секоја година се трудиме да креираме тема која ќе биде интересна за децата и младите, со цел да ни се приклучат на ликовниот конкурс во што поголем број. Но исто така покрај забавата сакаме темата да биде едукативна и сите заедно да научиме по нешто ново. Ако минатата година ги истражувавме и зборувавме за планетите и ѕвездите, оваа година, поттикнати од „новата реалност“ и свесни дека летниот распуст на сите нас ни помина во рамките на нашата земја , без размислување ја предложивме оваа симпатична тема каде секое дете ќе има можност да го нацрта местото кое го посетило летово и му оставило најдобар впечаток. Ова е одлична можност не само да ги покажеме нашите ликовни вештини туку и да ги споделиме и запознаеме убавините на нашата земја и да ги ѕирнеме дури и најскриените природни убавини“, изјавија од Банката.

Месецот на штедење и оваа година ќе има хуманитарен карактер, при што НЛБ Банка за секој пристигнат цртеж ќе донира парични средства кои ќе бидат наменети за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје.

Со оглед на ситуацијата предизвикана од Covid-19 пандемијата, а со цел поголема заштита, оваа година, дружењето со веќе добро познатите ликови на НЛБ Банка, Тиби и Штуки, ќе се одвива онлајн, а цртежите ќе можат да се прикачат единствено по електронски пат преку веб страницата креирана за оваа намена www.stedenje.nlb.mk.

На крајот на октомври најдобрите цртежи избрани со гласање преку веб страницата stedenje.nlb.mk, како и од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници, ќе бидат наградени со парични награди.

Домашни банки

Експозитурите и филијалите на Комерцијална банка со ново работно време

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека филијалите низ земјава и дел од експозитурите во Скопје во сабота ќе работат од 09 до 12 часот. Во Скопје, во сабота започнуваат да работат експозитурите КБ1, Бисер, Автокоманда, Цветан Димов и Сити Мол. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Снежана Георгиева предложена за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола објави јавен повик за учество на 47-та седница на Собранието на акционери на Банката, закажана за 11.11.2020 година (среда), со почеток во 12.00 часот, во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Последен ден за поднесување барање за продолжување на грејс-периодот за кредитите од Развојната банка

Објавено

на

Повикот за поднесување барање до Развојната банка за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот одобрен од средствата на посебниот кредитен фонд „Ковид 1“ трае до денеска до 23.59 часот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно