Connect with us

Депозити

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица и изврши промена на провизиите за физички и правни лица

Објавено

на

Почнувајќи од 01.05.2021 година, НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР клаузула од 0,05 до 0,2 процентни поени. Новите каматни стапки за депозитните продукти за физички лица се однесуваат за сите  новосклучени договори за депозити, додека кај постојните договори, новата каматна стапка ќе се аплицира на датумот на реорочување на договорот, односно при следното доспевање на депозитот.

Новите каматни стапки се достапни на следниот линк.

Дополнително, Ве информираме дека од 01.05.2021 година НЛБ Банка ќе изврши промена на дел од провизиите кои се однесуваат на работењето со сметки, платен промет, готовински исплати и уплати за физички и правни лица, како и зголемување на провизијата за водење на трансакциска сметка за пензионери.

Повеќе информации за новите провизии можете да добиете на следниот линк.

За сите дополнителни информации, клиентите можат да ја контактираат НЛБ Банка на телефон 02/15-600 или во најблиската експозитура.

Депозити

Зошто е важно да се штеди и како депозитите може да помогнат во иднина?

Објавено

на

Дали некогаш сте се запрашале зошто треба да штедите? Едноставно, штедењето е секогаш добро, без разлика дали во моментот имате цел за штедење или не. Можете да штедите за разни работи. Не само за она што се вика „црни денови“, туку и за најразлични убави работи. На пример, за купување стан, за образование на децата, за свадби, или едноставно можеби за некој нов домашен апарат, нови чевли, чанта, за годишен одмор или било што друго. Кога ќе заштедите за нешто и ќе го купите со заштедата, тогаш задоволство ќе ви биде уште поголемо и истовремено ќе имате волја и желба повторно да штедите за нешто друго. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Комерцијална банка ќе ги стимулира денарските депозити

Објавено

на

Почнувајќи од 01.05.2022 година Комерцијална банка АД Скопје ќе изврши промена на каматните стапки на депозитите на физички лица, и тоа: (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Пет придобивки од штедењето во банка

Објавено

на

Кога се мисли на инвестирање, најчесто станува збор за акции, недвижен имот, или пак странски валути. Сите овие инвестиции нудат одреден долгорочен поврат на средствата, но и одреден степен на ризик, утврдени минимални износи како почетна инвестиција и одредена расположливост на вложените средства. Па, зошто тогаш не размислите да ги инвестирате во производ што има минимален ризик, безбеден е и преку него имате брз и лесен пристап до вашите средства? (more…)

Продолжи со читање


Популарно