Connect with us

Депозити

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР од 0,01 до 0,52 процентен поен. Новите каматни стапки се со важност од 15.1.2020 година.

Воедно, од 15.1.2020 година, од понудата на Банката се повлекуваат орочените депозити во ЕУР за физички лица со рочност од еден месец.

Новите каматни стапки на депозитните продукти за физички се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити.

Кај постојните договори за депозити, новата каматна стапка ќе се аплицира на датумот на реорочување на договорот, односно при следното доспевање на депозитот. Новите каматни стапки за физички лица се достапни на следниот линк.

Повеќе информации можете да добиете во најблиската експозитура на НЛБ Банка или на телефонскиот број 02/15-600.

Депозити

Швајцарските клиенти почнаа да ги повлекуваат своите депозити од банките

Објавено

на

Една од главните активности на банките е да приберат што поголем број на депозити од нивните клиенти. Сепак, швајцарските приватни банкари се жалат дека некои нивни клиенти повлекле голем дел од своите пари од банките за да ги чуваат безбедни, и покрај фактот дека оваа земја има репутација како најбезбедно и најсигурно место во светот за складирање пари за богатите инвеститори., пренесува CNN. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Данскиот експеримент дава резултати – „Заштедувате, но истовремено и инвестирате“

Објавено

на

Најновата анкета меѓу банките во Данска покажува дека до 1 јануари 2020 година во оваа земја се отворени нешто повеќе од 50.000 инвестициски штедни книшки. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Промотивни депозити во денари и евра на 15 месеци само со ПРОМО ФИКС 15 во ТТК Банка

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје со НАЈНОВА промотивна понуда на ПРОМО ФИКС 15 депозити за физички лица со атрактивна ФИКСНА каматна стапка за штедење во денари и евра на 15 месеци, во промотивен период до 31.01.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно