Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Кредити

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на кредитите за правни лица

Објавено

на

Почнувајќи од 08.04.2019 година, НЛБ Банка воведе нови кредитни продукти за правни лица со намалени каматни стапки и поповолни услови. Каматните стапки на новоодобрените кредити се намалени во просек до 1,5 процентни поени.

Новите кредитни продукти се наменети за мали, средни и големи претпријатија. Намената на овие кредитни продукти е за инвестиции во основен капитал, за обртен капитал и трајни обртни средства. Исто така, Банката воведе нови кредитни продукти за нето извозниците, кои се акцелератор на економскиот развој  во секоја земја. Новите кредитни продукти заедно со постојниот пакет за нето извозници формираат една од најцелосните понуди на услуги за овој пазарен сегмент. Дополнително на понудата, Банката започнува и со пласирање на средства од кредитната линија од МБПР ЕИБ V, со која се дополнува понудата со кредити со фиксна каматна стапка до 12 години.

Во периодот кој следува, во фокусот на работењето на Банката ќе биде поддршката на приватниот сектор преку креирање на продукти со поволни, атрактивни и кориснички прилагодени услови. Исто така, Банката ќе продолжи со финансирањето на големите проекти и инвестиции преку поддршка со tailor-made продукти прилагодени на специфичните потреби и услови на поединечните проекти.

Освен во делот на финансирањето, НЛБ Банка е партнер кој освен финансиски средства и современи услуги, нуди и советување на клиентите, контакти со можни соработници во земјата и регионот (преку мрежата на НЛБ Групацијата), економско-техничка оценка на проектите и правна поддршка.

Сите заинтересирани клиенти можат да ги контактираат советниците од Деловниот сектор за корпоративни клиенти или да се обратат на e-mail: corporate@nlb.mk

Домашни банки

Потрошувачки кредит за сите ваши желби од Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје од 16.04.2019 година започнува со понуда на најповолни готовински кредити со ЕУР клаузула до 30.000 евра без жиранти, со фиксна годишна каматна стапка од 4.9% за првите две години. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Нови најповолни услови на пазарот за брзи потрошувачки и наменски кредити од ИутеКредит

Објавено

на

Намалени вкупни трошоци, зголемени износи и број на рати. Имајте контрола на вашите лични финансии со ИутеКредит. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Супер 5 потрошувачки кредит на Капитал Банка

Објавено

на

Капитал Банка има свој Супер 5 кредит кој е иновативен и со најатрактивни каматни стапки на македонскиот пазар. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange