Connect with us

Домашни банки

НЛБ БАНКА ГИ НАДМИНУВА ОЧЕКУВАЊАТА – Остварен профит од 15,6 милиони евра во првите шест месеци од 2019 година

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2019-та година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и на пазарните услови во земјата. Банката, во анализираниот период  ги оствари планираните оперативни и финансиски цели, при што е зачувана висока ликвидност, стабилност и солвентност.

Во анализираниот период, Банката оствари нето добивка во износ од 963.243 илјади МКД, што е за 20,1% над планот, што се должи на континуирани продажни активности на кредитните и картичните продукти со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија и на значајните инвестиции во електронските сервиси кои се подостапни и побогати со дополнителни услуги и функционалности за клиентите.

Како иновативна и современа банка, која е во чекор со светските трендови, НЛБ Банка АД Скопје ја прошири својата понуда со уште еден канал за комуникација и сега е достапна на Вибер. Истовремено, Банката го промовираше и првиот банкарски електронски асистент – НЕЛА која е на располагање 24/7 и е подготвена да одговори на сите прашања поврзани со производите и услугите. Како иновативни предводници на новите трендови и технологии, овој пионерски чекор на НЛБ Банка АД Скопје, има за цел да ја промени сликата на секојдневната комуникација на релација банка – клиент.

НЛБ Банка е прва и единствена банка на пазарот која ги интегрира двата картични бренда Visa и MasterCard во мобилниот паричник NLB Pay. Оваа нова и единствена функционалност овозможува да се дигитализираат сите Visa и MasterCard платежни картички издадени од НЛБ Банка АД Скопје во мобилниот паричник NLB Pay и да се плаќа бесконтактно, само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминал во земјата и во странство.

Инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати беа наградени од:

  • Македонска берза – Награда „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентна компанија – 3-то место
  • Македонска берза – Награда за членки со најголем остварен промет – 3-то место
  • Финансискиот магазин ЕМЕА на Europe Banking Awards 2018 каде НЛБ Банка АД Скопје, трета година по ред, e избрана за Најдобра банка во Македонија
  • Euromoney во Лондон, каде НЛБ Банка АД Скопје беше прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2018 година
  • Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“.

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје продолжува со реализација на втората емисија на корпоративнaта обврзницa

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста дека продолжува со реализација на втората емисија на корпоративнaта обврзницa во согласност со бизнис целите утврдени во деловната политика на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Ограбувачите одзеле 8.700 евра при грабежот на експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров

Објавено

на

По вооружениот грабеж што утринава се случи во експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров, се одземени 8.700 евра, соопштија од НЛБ Банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка ќе изврши исплата на полугодишна камата на имателите на перпетуални обврзници

Објавено

на

УНИБанка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста дека ќе изврши исплата на полугодишна камата на имателите на перпетуални обврзници. (more…)

Продолжи со читање

Популарно