Домашни банки
НЛБ Банка ги додели наградите на училиштата со најдобри резултати во предизвикот за собирање пластичен отпад


Трите основни училишта кои во наградниот предизвик за собирање пластичен отпад во рамките на последниот „НЛБ Месец на штедење“ остварија најдобри резултати, деновиве и официјално ги добија своите награди од НЛБ Банка. Станува збор за награди кои НЛБ Банка ги обезбедив во консултација и на барање на училиштата со цел унапредување на условите за работа и наставно-образовниот процес.
Првонаграденото ОУ „Кирил и Методиј“ од Кочани, чии ученици собраа рекордни 930 кг. пластичен отпад добија 3 смарт табли, втората награда, 2 смарт табли, ја доби ОУ „Тошо Велков Пепето“ од Кавадарци за собрани 705 кг, а третата награда, фотокопир апарат, ја доделивме на ОУ „Блаже Конески“ од Велес кое во акцијата собра 584 кг.пластичен отпад.
За потсетување, во наградниот предизвик во рамките на „ НЛБ Месец на штедење“ училиштата ширум земјата собраа речиси 10 тони пластична амбалажа за рециклирање со што заедно со нив НЛБ Банка даде симболичен придонес кон заштитата на животна средина и одржливиот развој.
Се проценува дека со рециклирање на еден тон пластика се заштедуваат 7.200 киловат часови електрична енергија, што е доволно за нормално функционирање на едно просечно домаќинство цели седум месеци. Инаку, според статистиките, во светот на годишно ниво се генерираат околу 30 милиони пластичен отпад, што претставува повеќе од 12% од целокупното количество цврст отпад, а за да се разгради пластиката, потребни се од 500 до 1000 години. Со рециклирање на пластика се заштедува 80% од вкупната енергија која се користи за производството на нови пластични производи, процес кој е еколошки штетен заради употребата на нафта и други фосилни горива.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје