Домашни банки
НЛБ Банка во соработка со Кроација Живот воведе прв и единствен продукт за животно осигурување


Животното осигурување станува се позначајна придобивка особено кога се работи за обезбедување на дополнително сигурносно покритие при користење на некој од НЛБ кредитните продукти.
Имајќи ја грижата за своите клиенти во фокусот на работењето, а со цел овозможување на дополнителни придобивки при користење на банкарските продукти, НЛБ Банка и Кроација осигурување Живот воведоа нов и единствен продукт за животно осигурување на пазарот – „Сигурност плус“.
Новиот продукт, како што и самото име кажува, во себе интегрира повеќе поволности и нуди низа придобивки, а клиентите добиваат дополнителна сигурност преку осигурувањето на живот, и осигурувањето од незгода кои се дел од продуктот. „Сигурност плус“ осигурувањето е достапно ексклузивно само во врзана продажба со НЛБ потрошувачките кредити и нуди поголема достапност на животното осигурување за сите клиенти корисници на потрошувачки кредити преку брзиот и лесен пристап во осигурувањето без пополнување на здравствени прашалници и без вршење на дополнителни лекарски прегледи. Исто така, корисниците на ова осигурување ќе имаат олеснето плаќање на премијата за осигурување, преку месечните рати со кредитот, а износот на осигурената сума останува ист до крајот на отплата на кредитот (не се намалува со отплатата на кредитот). Како дополнителна придобивка, покрај животно осигурување,
„Сигурност плус“ во себе вклучува и осигурување од незгода со покритие за повреди и траен инвалидитет, а клиентите ќе имаат можност да одберат и премиум пакет со покритие за операции.
„Со воведувањето на овој продукт во соработка со нашиот партнер Кроација осигурување Живот, правиме голем и значаен исчекор во поглед на достапноста на животното осигурување, како и понуда на низа поволности за клиентите, единствени на пазарот. Ја зголемуваме свесноста за бенефитите кои ги нуди животното осигурување, овозможувајќи поголема удобност и сигурност при отплатата на кредитите. Препознавањето на оваа придобивка кај клиентите сè повеќе се зголемува, а соодветно на тоа се зголемува и побарувачката за овие кредити.“, – изјави Љупка Ѓорѓиевска, Директор на сектор за развој на понуда и маркетинг.
„Сигурност плус“ е плод на повеќегодишна успешна соработка меѓу двете компании и е базиран на искуството од продажбата и конкретните барања на клиентите кои се сублимирани во рамките на овој нов продукт.
„Создавањето на заедничка понуда, што ги вклучува најбараните производи од банкарскиот и осигурителниот сектор е со цел да се овозможи поволен производ што одговара на потребите и барањата на граѓаните и претставува значајно збогатување на понудата на финансиски производи на македонскиот пазар и отвора можности за дополнителен развој во овој сегмент“, вели Маја Станковска Костова, Генерален директор на Кроација осигурување Живот.
Новиот продукт за животно осигурување „Сигурност плус“, има за цел да го зголеми користењето на животното осигурување, да ја подигне свесноста кај клиентите за важноста на нивната финансиска сигурност, односно, клиентите да не го чувствуваат осигурувањето како товар, туку како бенефит и додадена вредност.
Повеќе инфомрации за оваа кредитна понуда на НЛБ Банка и продуктот за животно осигурување можете да добиете на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на Kонтакт центарот на телефон: 02/15 600.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје