Connect with us

Домашни банки

НЛБ БАНКА ВО ОДЛИЧНА КОНДИЦИЈА – оствари добивка од 36 милиони евра во 2021 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2021 до 31.12.2021 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, прилагодувајќи го работењето на изменетите пазарни услови поради пролонгираната пандемија од КОВИД-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија.

Гледано за првата половина од годината реалниот раст на економијата е во рамки на очекувањата, додека во втората половина расположливите податоци покажуваат на понатамошен годишен раст на економската активност. Во такви услови, целта на Банката, како една од водечките финансиски институции, е да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди и да обезбеди финансиска поддршка на клиентите.

Во текот на 2021 година, Банката оствари позитивни резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со продукти и платни сервиси. Во анализираниот период, Банката продолжи со имплементација на стратешките иницијативи во инвестиции во дигитализација и нови технологии, со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како поедноставни, поевтини и побезбедни начини на извршување на банкарските трансакции.

Инвестициите во дигитализацијата, подобрениот квалитет на средствата, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати во изминатата година, во 2021-та беа наградени од:

  • Финансискиот магазин ЕМЕА на Europe Banking Awards 2020 каде НЛБ Банка АД Скопје e избрана за Најдобра банка во C. Македонија;
  • Европска Банка за Обнова и развој каде НЛБ Банка АД Скопје е наградена за придонесот за успехот на програмата за финансирање на зелена енергија во резидентниот сектор.

Како признание за своето успешно делување на македонскиот пазар на капитал, кон крајот на годината НЛБ Банка беше наградена од Македонска берза АД Скопје во категоријата „Акција со најголем пораст на цената во 2021 година”.

Биланс на состојба

Заклучно со 31.12.2021 година билансната сума изнесува 107.709.479 илјади МКД, односно се зголеми за 11.164.266 илјади МКД или 11,6% во однос на 31.12.2020 година.

Паричните средства и паричните еквиваленти изнесуваат 19.704.740 илјади МКД и бележат зголемување од 12,1% во однос на 31.12.2020.

Кредитите и побарувањата од банки бележат намалување од 501.725 илјади МКД во однос на 31.12.2020 година.

Вкупните кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 65.593.290 илјади МКД и бележат зголемување од 13,1% во однос на 31.12.2020. И покрај продолжената ситуација со КОВИД-19 во земјата, кредитирањето кај домаќинствата и нефинансиските правни лица продолжи да се зголемува и во текот на 2021 година.

Вложувања во хартии од вредност изнесуваат 18.341.504 илјади МКД и се зголемени за 12,1% во однос на 31.12.2020 како резултат на зголемено вложување во домашни државни обврзници и странски државни обврзници и записи.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања во однос на 31.12.2020 година се намалени за 20,9%. Намалувањето се должи на редовни годишни исправки на вредноста на нефинансиските средства согласно регулативата на НБРСМ.

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) изнесуваат 86.589.168 илјади МКД и во однос на 31.12.2020 година се зголемени за 6.809.329 илјади МКД или за 8,5%. Зголемувањето на депозитите се должи на нови клиенти од сегментот домаќинства кои се приматели на пензии, плата и други видови примања, нови клиенти кои ги користат физичките и електронските платни сервиси на Банката и нови клиенти од сегментот нефинансиски правни лица, како и на зголемувањето на приливот на средства на сметките на постојните клиенти во домашна и странска валута.

Обврски по кредити се зголемени за 1.096.559 илјади МКД заради повисокиот износ на повлекување на средства од кредитни линии кои се пласираат до крајни корисници – клиенти на Банката.

Субординираните обврски се зголемени за 49,8% во однос на 31.12.2020 година како резултат на аранжирањето на нов субординиран кредит со цел зајакнување на капиталот на Банката.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката се зголемени 4,9% и изнесуваат 14.069.726 илјади МКД.

Биланс на успех

Нето каматните приходи, заклучно со 31.12.2021 година се повисоки за 3,2% споредено со претходната година, при што приходите од камати се пониски за 0,2%, главно поради пониски каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица, банки и штедилници и население, додека расходите по камати се пониски за 24,0% главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување.

Нето приходите од провизии се повисоки за 7,1% споредено со претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 19,4% како резултат од зголемени приходи од ПОС терминали, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и од трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 41,8%, главно поради повисоки расходи за картично работење и повисоки расходи за услугите за работењето со готовина.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 958.684 илјади МКД и се зголемени во однос на претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население како и поради зголемени приходи од курсни разлики.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 5.167.258 илјади МКД и се повисоки за 14,7% во однос на претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 2.099.245 илјади МКД и се зголемени за 8,9% при што трошоците за вработени се повисоки за 6,1%, трошоците за амортизација се повисоки за 16,6%, останатите расходи од дејност се повисоки за 9,9% во однос на претходната година.

Заклучно со 31.12.2021, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 576.512 илјади МКД или 14,3% помалку во однос на претходната година соодветно на структурата и квалитетот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 46.323 илјади МКД.

Бруто добивката на Банката заклучно со 31.12.2021 година изнесува 2.445.178 илјади МКД и е зголемена за 31,6% во однос на претходната година.

Нето добивката на Банката заклучно со 31.12.2021 година изнесува 2.219.107 илјади МКД и е зголемена за 30,2% во однос на претходна година.

Домашни банки

НЛБ Банка од денес (29.11) започна со предвремена исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка АД Скопје од денес (29 ноември – вторник) започна со исплата на ноемвриските пензиите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка од денес (29.11.2022г.) започна со предвремена исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека пензиите за месец ноември 2022 се исплаќаат почнувајќи од денес (29 номеври 2022 година) во четири групи. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Тимот на ПроКредит Банка засади 4.700 садници бел бор

Објавено

на

Како дел од низата активности на банката за справување и намалување на ефектите на климатските промени, тимот на ПроKредит во координација и соработка со ЈП Национални Шуми изминатиот петок реализираше еко-инцијатива за пошумување на површина од 2 хектари во близина на Крива Паланка, каде беа засадени 4.700 садници бел бор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно