Connect with us

Електронско банкарство

НЛБ Банка воведе најсовремен начин на плаќање: NLB Pay – мобилен паричник

Објавено

на

На настанот одржан на 19.09.2018 година, НЛБ Банка ја промовираше новата услуга, NLB Pay мобилен паричник – која овозможува бесконтактно плаќање на продажните места преку мобилен телефон. NLB Pay е уште една современа дигитална услуга на Банката, која е лесна за користење, безбедна и овозможува брзи и едноставни плаќања.

Со воведувањето на оваа услуга, НЛБ Банка продолжува да ги следи светските трендови на поедноставување и приближување на банкарските услуги кон своите клиенти. Мобилните банкарски услуги со својата достапност, едноставност, брзина и безбедност при користењето, на клиентите им овозможуваат заштеда на време и средства, и им даваат можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, седум дена во неделата. NLB Pay е услуга наменета за физички лица, корисници на Mastercard платежните картички, кои поседуваат мобилен уред со Andorid оперативен систем. NLB Pay мобилниот паричник ги дигитализира Mastercard картичките и со тоа овозможува плаќање на бесконтактни ПОС терминали во земјата и странство. Клиентите можат да ја активираат оваа услуга самостојно, без потреба од посета на експозитура. NLB Pay паричникот не само што ќе го поедностави плаќањето за физички лица туку ќе придонесе и за побрзо и поедноставно спроведување на наплатата во малопродажба, што сметаме дека е исклучително важно за Retail бизнисите и продажните места генерално.

На настанот се обрати Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје: „Со оглед на тоа дека мобилниот телефон е уред кој секогаш го носиме со нас и по навика не го испуштаме од рака, убеден сум дека нашата нова услуга, NLB Pay мобилниот паричник, дополнително ќе ги олесни плаќањата кои ги вршат нашите клиенти. Плаќањата се извршуваат преку мобилниот телефон, без потреба од физичко користење на платежните картички, со што мобилниот телефон се претвора во виртуелен паричник.”

NLB Pay апликацијата е достапна за преземање од Google Play store.Активирањето на апликацијата, дигитализацијата на картичките и користењето на NLB Pay мобилниот паричник е бесплатно.

Електронско банкарство

Повеќе од 30 говорници од 9 држави ќе учествуваат на првата Конференција за е-трговија во Македонија


Објавено

на

Организаторите на првата годишна македонска Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 26-ти октомври во хотел Мериот во Скопје, ја објавија финалната програма. Агендата е составена од поздравни обраќања, главни говори, панел дискусии и неколку изненадувања за учесниците, а ќе биде реализирана од страна на триесетина говорници од 9 држави. Покрај локалните учесници и експерти за е-трговија, ќе има говорници и од Калифорнија (САД), Велика Британија, Чешка, Словенија, Бугарија, Србија, Полска и Белгија. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Три нови функционалности во електронското банкарство на Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

Електронското банкарство за физички и правни лицa на Силк Роуд Банка од денес е збогатено со три нови функционалности и тоа: девизен пазар, девизни плаќања и девизни приливи. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

МОЈА БАНКА, Мобилна банка на Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

MОЈА БАНКА апликација на Охридска банка Сосиете Женерал која Ви овозможува Вашиот мобилен уред да биде Ваша подвижна виртуелна експозитура преку која на брз, сигурен и лесен начин имате информација за сите Ваши сметки, кредитни картички, кредити, депозити, а можете да правите плаќања кога било и од каде било.

Апликацијата е бесплатна и можете да ја преземете преку Google Play Store или Apple App Store, а поддржува верзии на оперативните системи Android и IOS не постари од Android 4.2 и IOS 7.0.  Еден корисник може апликацијата да ја користи на максимум три различни уреди.

Достапна е за користење на 3 јазици: македонски, албански и англиски.

Со максимална сигурност на располагање Ви се следниве услуги:

  • Пристап до Вашите сметки, состојбата и расположливите средства, во секое време (преглед на состојба, промет за период, структура на картични трансакции, увид во извршените налози, амортизациони планови, напредно пребарување на налози, преглед на кредити, кредитни и дебитни картички, кредити, депозити и сл.)
  • Креирање на ПИН-код за поедноставно и побрзо најавување без да се загрози безбедноста на вашите финансиски информации
  • Користење на готови шаблони за брзи плаќања на сопствени сметки, уплати за кредити и кредитни картички и други плаќања
  • Користење на готови шаблони за брзо плаќање на режиски трошоци (вода и комуналии, струја, парно, телекомуникации, кабелски оператори, радиодифузна такса итн.)
  • Извршување на налози за плаќање преку стандардните обрасци ПП30 и ПП50, со можност за избор од сопствените сметки (Мои сметки)
  • Извршување на конверзија на девизи помеѓу Вашите сметки
  • Калкулатори за пресметка на кредитните и депозитните производи на Банката
  • Курсна листа со напреден преглед
  • Лоцирање на банкоматите и експозитурите на Банката со можност за креирање на локациска маршрута, увид во работното време на филијалите и нивните контакт-податоци
  • Нотификациско сандаче за прием на известувања

Апликацијата можете да ја користите дури и доколку не сте клиент на Банката. Едноставно, само симнете ја апликацијата и ќе можете да ги користите јавно достапните услуги за нашите производи и услуги, геолокациските услуги за наоѓање на најблиска експозитура или банкомат.

Посетете ја најблиската експозитура и станете корисник на Моја банка.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange