Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка АД Скопје со значителен учинок кон добивката на НЛБ Групацијата од 225,1 милиони евра и добитник на Europe Banking Awards

Објавено

на

НЛБ Групацијата четврта година по ред бележи континуирано зголемување на нето добивката, при што во 2017 година има остварено рекордна нето добивка од 225,1 милиoни евра што претставува зголемување за 105% во однос на претходната година. 

Во изминатата година сите членки – банки на НЛБ Групацијата работеа профитабилно и придонесоа кон постигнатиот резултат, со учество од 40% во вкупната нето добивка. НЛБ Банка АД Скопје значително придонесе кон вкупната добивка на НЛБ Групацијата со рекордната нето добивка од 34,6 милиони евра по локалната метoдологија или 40 милиони евра по НЛБ методологијата.

Како потврда за одличните резултати, НЛБ Банка АД Скопје на Europe Banking Awards 2017, втора година по ред е прогласена за Најдобра банка во Македонија од финансискиот магазин ЕМЕА.

Клучен придонес во зголемување на добивката на НЛБ Групацијата за 2017 година имаат одличните резултати од продажбата на банкарски и небанкарски продукти, подобрување на трошковната ефикасност, како и доброто управување со портфолиото на проблематични пласмани. Истовремено, имајќи ја предвид стратегијата на НЛБ која во фокусот на работењето го има задоволството на своите клиенти, континуирано и посвeтено работи на изнаоѓање на најоптимални решенија за секој поединечен клиент.

НЛБ Банка АД Скопје и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и креативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува и проширува мрежата на експозитури на Банката. На тој начин на своите клиенти им дава избор  да се одлучат за новите и современи или за традиционалните начини на работење со Банката.

Домашни банки

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно