Connect with us

Останато

Ниту Јапонија не е имуна на коронавирусот

Објавено

на

Јапонската економија влезе во рецесија во првиот квартал на 2020 година, бидејќи пандемија со Ковид-19 прекина производство, извоз и потрошувачка, како и стравувања дека може да има уште потешки времиња.

Третата најголема светска економија падна за 3,4 проценти во првиот квартал од оваа година. Јапонската економија се соочува со рецесија, за прв пат по четири и пол години.

Извозот се намали за 21,8 проценти, приватните инвестиции во градбата на станови паднаа за речиси 17 проценти, а потрошувачката на домаќинствата за 3,1 проценти.

Иако, падот во првиот квартал беше помал во однос на очекувањата на аналитичарите од 4,6 проценти, тоа не е многу охрабрувачки бидејќи се очекува многу поголем пад на јапонската економија во тековниот квартал, веројатно најголем од Втората светска војна.

Инвеститорите се претпазливи и поради тензиите меѓу САД и Кина бидејќи претседателот Доналд Трамп често ја прозива Кина и и се заканува поради појавата на коронавирус.

Останато

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари

Објавено

на

И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЗА НИВ НЕМА КРИЗА – Словенечкиот БДП скокна за 8,2 проценти во вториот квартал

Објавено

на

Според податоците на Националното биро за статистика на Словенија (Сурс) обемот на бруто домашниот производ на Словенија во вториот квартал од годинава се зголеми за 8,2 проценти на годишна основа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно