Connect with us

Домашни банки

Нина Неданоска се обрати на првиот настан на жени лидери во банкарскиот сектор

Објавено

на

На 22.3.2023 г. се одржа првиот настан на жени лидери во банкарскиот сектор во земјава, на кој се разговараше за најголемиот предизвик за новата генерација жени лидери, а тоа е зелената економија.

Во организација на Македонската банкарска асоцијација со овој настан се одбележа Глобалната/Европската недела на пари, која годинава се одржува под мотото: „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината“.

Пред присутните се обрати претседателката на МБА д-р Маја Стевкова-Штериева, а на панел-дискусијата учествуваа г-ѓа Нина Неданоска, заменик-претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, г-ѓа Емилија Спировска, член на Управниот одбор на Прокредит Банка АД Скопје и г-ѓа Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилница ФУЛМ.

На настанот, жените лидери споделија со присутните како тие лично ја доживуваат зелената економија, како го имплементираат концептот на зелена економија, како и нивното мислење за тоа кои се најитните прашања за одржливост со кои се соочува банкарската индустрија денес.

„Свеста за зелената економија не е доволно развиена и ние мора да работиме на нејзино зголемување. Нашата улога како банка во голем дел е и консултативна, па максимално посветуваме внимание на тоа и самите компании да сфатат дека зелената економија е иднината“ – зборуваше г-ѓа Нина Неданоска, заменик- претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

„Пред 12 години ја финансиравме првата фотоволтаична централа, а минатата година финансиравме повеќе од целиот период претходно. Сметам дека сите компании мора да го почувствуваат бенефитот и да се едуцираат. Ние како банка на секој начин се обидуваме ова да го правиме, преку различни општествено одговорни активности под платформата SPARKASSE LIFE, па така, на пример, оваа година наместо подароци, решивме да засадиме дрвца во име на нашите клиенти и да им подариме благодарници за засадени дрвца во нивно име, а за овој чекор добивме многу позитивни реакции од нашите клиенти и соработници“, додаде Неданоска.

Таа истакна дека со реализација на стратегијата за одржливост која доаѓа од матичната Ерсте Групација, Шпаркасе Банка постојано придонесува за подобра иднина на нашите деца.

„Ние како жени поемотивно пристапуваме и не секогаш профитот е оној што ќе влијае врз крајната одлука. На тој начин, потребно е преку наш личен пример да ги убедиме и нашите вработени да работат во насока на зелена економија и да ги едуцираме нашите деца, бидејќи тие се оние што ќе ја развиваат зелената економија во иднина. Доколку секој од нас направи чекор плус, сите заедно ќе добиеме многу. Да веруваме во она што сакаме да го оствариме и на крај тоа и ќе го реализираме“ – истакна г-ѓа Нина Неданоска.

Шпаркасе Банка продолжува континуирано да работи во насока на едукација и подигање на свеста за зелената економија и воспоставување енергетско ефикасни решенија, како и реализација на долгорочна стратегија за одржливост.

Домашни банки

Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Објавено

на

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Популарно