Connect with us

Останато

Нина Ангеловска [Grouper] за престижниот Forbes: 8Р на претприемништвото денес

Објавено

на

Ако сте сопственик на бизнис не мора да значи дека сте претприемач. Ако тоа беше случај,не би имале потреба од нов и сложен збор. Ако го проверите на Google зборот “претприемач” тоа ќе ви каже дека еден претприемач е лице кое поставува бизнис или бизниси, преземајќи ги финансиските ризици со надеж за профит.

Сепак, економистите и некои од најуспешните претприемачи не би се согласиле. Според економистот Џозеф Алојс Шумпетер (1883-1950), претприемачите не мора да бидат мотивирани од профит, туку сметаат дека тоа е стандард за мерење на постигнувањата или успехот. Питер Дракер, кој е добро познат како татко на модерниот менаџмент, ја збогатува дефиницијата со нагласување на “промена” и “можност”. Тој го дефинира претприемачот како “некој што секогаш бара промени, реагира на него и го искористува како можност”.

Зборот претприемач потекнува од францускиот збор “entreprendre” што значи “да се преземе”.

Илјадници претприемачи од многу различни земји и култури, вклучувајќи ја и Македонија, дојдоа до претприемачкиот микс 8P (Mix 8P). Всушност претприемништвото е многу покомлицирано од еден сложен збор, една дефиниција и еден испит на факултет.

Значи, тука се и 8Р кои ги поставуваат успешните претприемачи. Магијата е формирана од пресекот на повеќето од тие 8Р, па редоследот е ирелевантен.

Миксот 8Р е составен од:

  1. Страст (Passion);
  2. Перцепција (Perception);
  3. Потенцијал (Potential);
  4. Луѓе (People);
  5. Упорно/истрајно учење (Persistent Learning);
  6. Постојана промена (Permanent Change);
  7. Упорност (Perseverance);
  8. Проактивност (Proactiveness).

Ова е само дел од текстот напишан од страна на д-р Нина Ангеловска, која од неодамна е Forbes Contributor.

Таа, научените лекции, совети и поуки од 8 години напорна работа ги сподели во објавата “The 8 P’s Of Entrepreneurship”.

Целиот текст можете да го прочитате ОВДЕ.

 

Останато

Уапсени членови на меѓународна група која ограби сефови во две македонски банки

Објавено

на

Обвинителството за организиран криминал отвори истрага против седуммина осомничени за ограбување сефови во две македонски банки, објави Сакам да кажам. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП РАЗВИ МОДУЛ ЗА АВТОМАТСКИ ПОВРАТ НА ДАНОЦИ

Објавено

на

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во придружба на Министерот за финансии, Драган Тевдовски, разговараа за реализираните проекти и реформите на УЈП во изминатата година како и за активностите на коишто Управата за јавни приходи ќе се посвети во текот на 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange