Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Нина Ангеловска најсериозен кандидат за нов министер за финансии?

Објавено

на

Владиниот кабинет ќе претрпи измени со назначувањето на нов министер за финансии. На чело на ова министерство, како што неофицијално дознава Алсат, во трката меѓу трите жена, Нина Ангеловска, Татјана Штерјова и гувернерката Анита Бежовска Ангеловска, предводи Нина Ангеловска, ко-основач и извршен директор на платформата Групер.

Од разрешувањето на Драган Тевдовски во јуни, со Министерството за финансии управува заменик-министерката Ширет Елези, а политиките во овој ресор ги води премиерот Зоран Заев. Заев првично предложи тој да биде и министер за финансии, но од Антикорупциската комисија излегоа со мислење дека тој нема право биде и премиер и министер.

Исто така, како што дознава Алсат, од фунцијата заменик министер за економија ќе се повлече Кире Наумов. Тој заминува на друга позиција во Македонската Банка за подршка на развој, а на негово место, во ресорот што го предводи Крешник Бектеши доаѓа една од кандидатките кои се споменуваат за финансии.

Последната реконструкција на Владата беше направена во јуни. Тогаш Садула Дураку, од министер за екологија, беше назначен за министер за политички систем и односи меѓу заедниците, додека Насер Нуредини го презеде ресорот екологија, Хисни Исмаили беше назначен за министер за култура, Трајан Димковски за земјоделство и Горан Милевски за локална самоуправа.

Останато

Јубилејни кредити по повод 20 години Штедилница ФУЛМ

Објавено

на

Штедилница ФУЛМ прославува јубилеј – 20 години постоење, по тој повод своите постоечки и нови клиенти ги изненади со нова јубилејна понуда. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Отворени денови на ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР

Објавено

на

Централниот регистар започнува со спроведување на акција – Отворени денови со граѓаните, започнувајќи од 16.09.2019 – понеделник. (more…)

Продолжи со читање

Останато

КХВ: Издадено одобрение на ЕУРОСИГ АД Скопје за четврта емисија на акции

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на ден 12.09.2019 година ја одржа 39-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange