Business Woman
Нина Ангеловска избрана како финалист за “Награда за животно достигнување” од глобалната организација Women in Tech


Нина Ангеловска, е избрана како финалист за “Наградата за животно достигнување” (Lifetime Achievement Award) која ја доделува глобалната организација Women in Tech. Помеѓу деветте финалисти за оваа награда се и Директроката на Oracle од САД, Претседателката и оперативна директорка на SpaceX од САД, Директората за технолошка трансформација на Новартис од Швајцарија, и уште неколку жени со значајни достигнувања и успеси зад себе.
Ова е четвртото издание на глобалните награди за жени во технологија “Women in tech Global Awards” (https://womenintech-awards.com), кое го организира меѓународна непрофитна организација Women in Tech, a кое ќе се одржи со свечена церемонија на 2ри ноември во Лисабон, Португалија.
Од 1000 номинирани жени, одбрани се 35 финалисти во седум категории, а седум од нив ќе бидат прогласени за добитници на признанијата. Покрај категоријата за животно достигнување во која се наоѓа Ангеловска, се доделуваат награди во уште шест други категории меѓу кои: награда за најголема промена (most disruptive), награда за иницијатива со најголем импакт (most impactful initiative award), награда за поддржувач (ally award), тинејџерка со просперитет (aspiring teen award), стратап (startup award) и награда за глобален лидер (Global Leadership Award).
Инаку, „Women in Tech” е меѓународна непрофитна организација со мисија да го намали родовиот јаз и да им помогне на жените да ја искористат технологијата. Тие го промовираат зајакнувањето на девојчињата и жените ширум светот, со фокус на Целта за одржлив развој 5б: искористување на технологиите. Седиштето на организацијата е во Париз, а нивното глобално движење е присутно на 6 континенти, броејќи над 70.000 членови.
Ангеловска до сега се има стекнато со бројни меѓународни признанија меѓу кои престижното признание Форбс 30 под 30 (Forbes 30 Under 30). Оваа година Ангeловска, по втор пат беше избрана за „жена амбасадор на e- трговија“ (еTrade for Women Advocate) од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет.
Business Woman
Извршната Директорка на Триглав Осигурување – Живот, Вилма Учета Дузлевска, ја прими наградата „Business Elite Awards” бренд на „Global Top Brands Awards”


Наградата за успешен бизнис лидер на настан организиран од познатата „Business Elite Awards” оваа недела во Истанбул, Турција на свечен церемонијален настан ја прими Вилма Учета Дузлевска, долгогодишен извршен директор и голем познавач во областа на осигурувањето. (more…)
Business Woman
Маја Наумовска Савеска од Халкбанк ќе ја претставува нашата земја во стручното жири на КАКТУС 2021


Помеѓу 15-те избрани маркетинг и креативни професионалци кои го сочинуваат регионалното стручно-жири на овогодинешното издание на КАКТУС фестивалот, што ќе одлучи за најдобрите проекти, кампањи, компании, институции и агенции од минатата година во соседна Србија, се наоѓа и еден претставник од нашата земја. (more…)
Business Woman
Ангеловска дел од висок политички форум за одржлив развој на ООН


Во понеделникот, во рамки на високиот политичкиот форум за одржлив развој, на тема „Одржливо и еластично закрепнување од пандемијата со Ковид-19 што ги промовира економските, социјалните и еколошките димензии на одржливиот развој: градење на инклузивен и ефективен пат за постигнување на 2030 Агендата во контекст на деценијата на дејствување и испорака на одржливиот развој”, се одржа интерактивна панел дискусија на која учествуваше и претседателката на АЕТМ и поранешната министерка за финансии – Д-р. Нина Ангеловска. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје