Останато
Николовски и Бесими: Преку реформи во финансиското управување и контрола до подобар систем и успешна борба против корупцијата


Преку реформи и зајакнување на законската рамка и механизмите за финансиско управување и финансиска контрола во јавниот сектор ќе се придонесе кон креирање подобар систем, кон реформи во јавната администрација и успешно спроведување на мерките за борба против корупцијата.
Ова беше истакнато на денешната конференција на која учествуваа вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за финансии Фатмир Бесими на тема „Поддршка на развојот на сметководството и ревизијата и синергија” („Supporting Accounting and Auditing Developments and Synergies”).
Вицепремиерот Николовски, како што соопшти владината прес-служба, истакна дека борбата против корупцијата и криминалот е и меѓу клучните приоритети на Владата и како резултат на тоа првпат се подготви и усвои План за борба против корупцијата, кој содржи системски мерки за длабоки реформи во општеството.
„Северна Македонија застана цврсто и одлучно, преку своите институции да ги детектира слабостите и да се спротивстави на ова зло, преку бескомпромисно и неселективно дејствување. Дел од мерките што ги преземаме како Влада, се во насока на конструирање на системски решенија, со коишто се превенира и спречува корупција, но и се обезбедува транспарентност во трошењето на јавните средства. Управувањето со јавните средства треба да биде во насока на исполнување на потребите на граѓаните и рационално трошење на буџетските средствата”, изјави вицепремиерот Николовски.
Николовски на конференцијата презентираше дел од владиниот План за борба против корупција, во делот на јавните набавки, дигитализацијата на процесите, подготовката на предлог Закон за потекло на имот, подигнување на нивото на транспарентност.
Министерот за финансии Бесими посочи дека сега е вистинско време да се засили интензитетот на активностите за развој на финансиско управување и контрола во врска со буџетскиот циклус во сите негови фази: планирање, програмирање, подготовка на финансиски план, извршување, сметководство и известување. Сето ова, како што се наведува, е важно да се поддржи со воспоставен силен и независен процес на ревизија, кој ќе обезбеди повратна информација за извршените трошоци, како и резултатите од спроведените програми, односно активности и проекти.
„Со донесувањето на новиот Закон за буџети и новиот Закон за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, кои се наоѓаат во собраниска процедура на донесување, очекуваме да се обезбеди потребната законска рамка за спроведување на реформските чекори во системот за управување со јавните финансии во Република Северна Македонија. Преку регулирање на целокупниот буџетски процес, односно постапката за подготовка и донесување на буџетот, извршување на буџетот, завршните сметки и системот за известување, планираме да придонесеме во развојот и на системот на внатрешни финансиски контроли кој не е изолирана активност, туку напротив, процес кој ќе придонесе и во спроведувањето на реформите во областа на јавната администрација и на мерките за борба против корупцијата”, рече Бесими.
Бесими најави и реформа во областа на буџетското сметководство, согласно која расходите ќе се евидентираат во моментот на настанување на деловниот настан во извештајниот период, а не во моментот на плаќање, а приходите и понатаму ќе се признаваат во моментот на наплатата. Овој концепт на евиденција, како што се наведува, ќе овозможи пореално и поажурно следење на неподмирените обврски кај буџетските корисници, а ова начело ќе се примени и во системот на државниот трезор преку имплементацијата на новиот Информациски систем за управување со финансиите.
Организатори на конференцијата се Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (Chartered Institute of Public Finance and Accountancy – CIPFA) од Велика Британија и CEF (Centre of Exellence in Finance) од Словенија.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје