Connect with us

Останато

Никола Рибароски избран за претседател на Комората на друштва за геодетски работи

Објавено

на

На редовно годишно собрание, делегатите го избраа Никола Рибароски за претседател на Комората на друштва за геодетски работи. По изборот тој истакна дека ќе ги застапува заедничките интереси на членовите на Комората институциите на национално и интернационално ниво, ќе ги чува угледот, честа и правата на членовите и вработените овластени геодети, и ќе се грижи дејност да ја вршат во согласност со матичниот Закон.

Рибароски е дипломиран геод. инжинер и магистер по технички науки на Градежниот факултет во Скопје. Има повеќегодишно искуство во секторот и во изминатиот мандат беше член на управниот одбор на Комората. Рибароски делуваше со силни и континуирани заложби за подобрување на условите за работа за геодетските друштва, но и за зголемување на јавните овластувања за геодетите кои се неопходни за либерализација на пазарот и економски раст на секторот.

Останато

БДП на САД се намали за 2,4 проценти во последниот четврти квартал од 2020 година

Објавено

на

Американската економија се намали за 2,4 проценти во четвртиот последен квартал од 2020 година, објави во четвртокот Министерството за трговија, што е малку подобро од проценката во јануари за падот на активноста од 2,5 проценти во однос на истиот период од претходната година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Средба Бесими – Вархеи: Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан ќе го трансформира регионот и ќе овозможи побрз економски раст

Објавено

на

Планот за опоравување од кризата предизвикана од ковид-19 и забрзан економски раст, Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан и планот за Заеднички регионален пазар, а чија реализација ќе го трансформира регионот, што ќе води кон посовремени, позелени и подигитални економии како и подобра поврзаност со единствениот пазар на ЕУ, беа тема на дискусија на средбата во Брисел помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Средба на министерот Бесими со еврокомесарите Хан и Џентилони: Исполнети условите за втората транша од 80 милиони евра за надминување на кризата

Објавено

на

„Исполнети се условите за добивање на втората транша од 80 милиони евра од макрофинансиската помош од Европската Унија во вкупен износ од 160 милиони евра, а кои се наменети за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот. По добивањето на одобрението од Европската комисија, Министерството за финансии ќе испрати барање за исплата на втората транша. Воедно, во првата половина на март ќе поднесе барање за исплата на втората транша во износ од 8 милиони евра од Договорот за отпорност на ЕУ, а којашто се надеваме дека ќе ја добиеме до крајот на наредниот месец“, информира министерот за финансии, Фатмир Бесими, на средбата со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан и со еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони, којашто се одржа во Брисел. (more…)

Продолжи со читање


Популарно