Колумни
Нивото на финансиска писменост е суштински индикатор за способноста на луѓето да донесуваат финансиски одлуки

Денес сите ние треба да бидеме поодговорни за своите лични финансии од кога било досега. Системите за пензиско осигурување и социјална помош се во една тешка и напната позиција, што особено се комплицира со зголемувањето на животниот век на населението. Финансиските пазари брзо се менуваат, технологијата, новите и посложени финансиски производи стануваат наше секојдневие. Опсегот на финансиски производи од кои луѓето треба да избираат е многу различен од она што беше во минатото: хипотеки, кредитни картички, инвестициски фондови, заеднички вложувања и ануитети, а одлуките поврзани со овие финансиски производи имаат импликации за индивидуалната благосостојба.
Освен тоа, експоненцијалниот раст на финансиската технологија (fintech) го револуционизира начинот на кој луѓето вршат плаќања, одлучуваат за нивните финансиски инвестиции и бараат финансиски совети. Во овој контекст, важно е да се разбере колку луѓето имаат финансиски познавања и до кој степен нивното знаење за финансии влијае на нивното финансиско одлучување.
Суштински индикатор за способноста на луѓето да донесуваат финансиски одлуки е нивното ниво на финансиска писменост. Оттука и ние кои водиме финансиски организации, увидовме дека финансиската писменост не е само знаење и разбирање на финансиските концепти и ризици, туку и вештини, мотивација и доверба да се примени таквото знаење и разбирање со цел да се донесат ефективни одлуки за низа финансиски контексти, да се подобри финансиската благосостојба на поединците и општеството и да се овозможи учество во економскиот живот. Финансиската писменост се однесува на знаење, вештини и финансиско однесување.
Можеби е за изненадување, но финансиската писменост е ниска дури и во напредните економии со добро развиени финансиски пазари. Во просек, околу една третина од глобалното население се запознаени со основните концепти кои се во основата на секојдневните финансиски одлуки. Просекот крие ранливости и недостатоци и на одредени популациски подгрупи и уште помало познавање на конкретни финансиски теми. Понатаму, постојат докази за висок степен на недостаток на доверба, а тоа има импликации врз тоа како луѓето пристапуваат и донесуваат финансиски одлуки.
Она кон кое ние како организација на глобален план се трудиме и сме насочени е како можеме да ја подобриме финансиската писменост. За ова најсоодветен доказ е нашата ФИНЛИТ Фондација, основана на 1 Ноември 2019 година која има единствена цел подигнување на свесноста за и продлабочување на финансиската писменост. Преку бројни активности и проекти работиме посветено на оваа тема во изминатите 2 години низ цела Европа, а плановите се големи и за периодот кој следи.
Нашиот фокус ќе биде пренесување на разработените проекти и концепти во нашата земја како на пример проектот МаноМонета кој покажа дека учењето за финансиите може да бидат детска игра и забава во исто време со стекнувањето на знаење и вештини за истите.
Д-р Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОЅ Матрих Македонија и Косово.
Колумни
Д-р Катерина Бошевска: Сите бизниси ќе имаат корист од поголемата еднаквост на жените лидери

Според еден податок на којшто наидов неодамна, децениски студии и истражувања покажуваат дека жените лидери помагаат да се зголеми продуктивноста, да се подобри соработката, да се инспирира организациската посветеност и да се подобри правичноста. И покрај овие придобивки, само 10% од Форчн 500 (Fortune 500) компаниите се предводени од жени. (more…)
Колумни
Како ќе влијае меѓународната банкарска криза врз глобалната економија?

Банкарската криза што ја погоди „Silicon Valley Bank” (СВБ) минатата недела се прошири. Со ужас се сеќаваме на прелевањето на двете неодамнешни финансиски кризи: азиската финансиска криза од 1997 година, која доведе до длабока азиска рецесија и големата финансиска криза од 2008 година, која доведе до глобална рецесија. Новата банкарска криза ја погодува глобалната економија веќе нарушена од пандемии, војни, санкции, геополитички тензии и климатски проблеми. (more…)
Колумни
Бесими: Намалувањето на сивата економија е суштинска компонента на даночните реформи и економскиот раст

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа. Консултациите инаку, се започнати од 2020 година, напоредно со анализите за перформансите на даночниот систем и неговото унапредување. Концептот на даночната реформа во суштина се однесува на зголемувањето на наплатената маса на даноците, главно преку зголемувањето на опфатот, односно преиспитувањето на преференцијалниот третман на одредени категории, но и воведување на повеќе обврзници во системот, односно намалување на неформалната економија. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка