Connect with us

Депозити

Не ти се чека? Исплата на каматата на денот на уплата на влогот – СТББТ со промотивен депозит по повод месец на штедењето

Објавено

на

Со цел одбележување на месецот на штедење, октомври, Стопанска банка а.д. Битола воведе промотивен депозит кој покрај најконкурентните каматни стапки се издвојува од останатите на пазарот по огромната поволност која ја има, исплаќање на каматата за вложените средства антиципативно, односно, на денот на уплата на влогот.

Орочените средства може да бидат во денари или во евра, а минималниот задолжителен влог е 6.000 денари или 100 евра.

Изборот на рок на орочување е 13, 15 или 19 месеци, а соодветно на рокот се одредува и висината на каматната стапка која може да достигне до 1,2% и е фиксна, на годишно ниво.

Повеќе информации за промотивниот депозит можете да прочитате тука.

Депозити

Најдобри опции за чување на вашите пари

Објавено

на

Во неколку наврати ја потенциравме важноста на штедењето, чија корисност не треба во никој случај да се потцени. Има безброј причини зошто да заштедите пари – тргнувајќи од заштита во случај на финансиска криза, избегнување долгови, намалување на финанскиските стресови, па сè до обезбедување финансиско наследство за вашите најмили. Доколку веќе сте ја стекнале оваа здрава навика, сосема е природно да се запрашате каде да ја чувате вашата заштеда, за истата да биде безбедна. Штедењето во банка е една од најдобрите финансиски навики што можете да ги усвоите, имајќи предвид дека доколку истите ги орочувате, износот на депонираните средства ќе се зголеми за висината на каматата. Па така, вашето штедење ќе премине во заработка. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Исплатени се точно 89,56% од вкупниот пресметан износ на обесштетување на депонентите – физички лица со право на обесштетување од „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај

Објавено

на

Фондот за осигурување на депозити ја известува јавноста дека на 15 септември 2021 година измина една година од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите – физички лица со право на обесштетување од „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај. Во текот на оваа година исплатени се точно 89,56% од вкупниот пресметан износ на обесштетување или вкупно 12.228 депоненти. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Детското штедење Халки со промотивни каматни стапки до крајот на октомври

Објавено

на

Сега е вистинско време да почнете да штедите за вашите најмили. Халкбанк АД Скопје, по повод месецот на штедење октомври, започна промотивна кампања за детското штедење Халки, со каматни стапки кои достигнуваат до 1,7 отсто. Промотивните каматни стапки се однесуваат на сите новоотвоени депозити до 31 октомври, кога се одбележува Меѓународниот ден на штедењето. (more…)

Продолжи со читање



Популарно