Connect with us

Колумни

Не сум знаел/а дека во рата за кредит има и камата…

Објавено

на

Деновиве актуелна е ситуацијата со коринавирусот Ковид-19 и мерките кои ги донесоа банките во земјава, по донесената Уредба со законска сила за начинот на промена на договорните услови за кредитни изложености кај банките и штедилниците.

Како да се дежурни кривци, сите се нафрлија на банките од самиот старт. Прво зошто ќе наплаќале за кредитите во време на вонредна состојба, потоа откако се донесе Уредбата колку време им треба за да ги предложат мерките, откако се презентираа понудите истите не ги задоволуваат желбите на секој поединец…итн.

Морам да признаам, дека секој поединец максимално себично се постави кон целата ситуација и некако како сите да гледаат што повеќе да извлечат од кризата. Не! Тој пристап не е ОК! Потребно е сите ние да бидеме реални, и да го искористиме максимумот од мерките кои се нудат, а не да бараме да се прилагодат мерките за најмногу да ни одговараат лично нас.

Но, ајде да одиме чекор по чекор…

Притисок час поскоро да се презентира Јавната понуда

Откако се донесе Уредбата се создаде непотребна фама и главна тема беше кога банките ќе ја презентираат понудата. Јавувања, објави на социјални мрежи, е-маил пораки до банките, итн со цел што поскоро да добиеме информација што ќе содржат тие понуди.

Банките во своите системи немаат предвидено ваква ситуација за да може ефикасно да ја применат Уредбата во тековното работење и за истото да се спроведе е потребно дополнително време и ресурси. Притоа, тие треба да гарантираат дека решението кое ќе го понудат ќе биде целосно функционално кога ќе се аплицира на постоечкото порфтолио на клиенти. И што е најважно, имаме две варијанти, едната е дека дел од клиентите ќе продолжат со редовно плаќање, додека другата е дека дел од клиентите ќе користат пауза во отплатата на обврските.

Банките ги претставија Јавните понуди до клиентите

Најголел дел од банките веќе ја претставија Јавната понуда за одложување на отплатата по основ на кредитните обврски на своите официјални веб страници и преку останатите канали на комуникација. Веќе тече рокот за изјаснување од 10 дена дали вие како клиент ја прифаќате понудата за грејс период или не. Ако ја прифаќате понудата и сакате да го паузирате кредитот, не треба да направите ништо, но доколку сакате да продолжите со плаќање потребно е да ја информирате соодветната банка за да ве внесе во евиденција.

И тука сите станавме експерти за банкарство! Со објавата на јавните понуди како да се кликна некое магично копче за критика и омаловажување на банкарскиот сектор во земјава. Сите одеднаш станаа експерти за банкарство и започнаа да делат совети како требало да се постапи, зошто се пресметува каматата, зошто целосно не се замрзнат кредитите за сите и да важи целосен мораториум, итн.

Драги читатели, секоја банка мора да истакне Јавна понуда на својата веб страна и ваше е да ја прифатите и да го ставите кредитот во мирување или да ја одбиете и да продолжите со редовно плаќање. Се останато, преговори, критики, сугестии, навреди и омаловажувања нема да вроди со никаков плод и само ќе ја зголеми тензијата во период кој е премногу чувствителен.

Затоа, убаво размислете, анализирајте го вашиот буџет, направете ги неопходните пресметки и донесете исправна одлука во врска со вашите кредитни партии.

Мораториум и грејс период не е исто

Како да ги имаме помешано работите, односно термините мораториум и грејс период.

Мораториум – Законски одредено одлагање, односно поместување на рокот за плаќање на долгови во вонредни услови. Во оваа ситуација буквално се замрзнува кредитот, не се плаќа ниту пресметува ништо и после период од 6 месеци си продолжува се по старо.

Грејс период – претставува временско одложување на одредена финансиска обврска, обично за долгорочен кредит. Овој поим го опфаќа периодот од моментот кога банката го исплаќа кредитот до уплатата на правата рата од страна на корисникот.

Додека трае грејс периодот, корисникот на долгорочниот кредит нема обврска да отплаќа дел од главнината, туку само каматата на месечно ниво. Каматата што се пресметува додека трае грејс периодот се нарекува интеркаларна камата и таа би требало да биде пониска од каматата што ќе се пресметува во текот на периодот на отплата на кредитот.

Користењето на грејс период, освен што има предности, постојат и одредени недостатоци. Грејс периодот ја зголемува месечната рата, будејќи во пократок временски период ќе треба да се отплати долгот. Од друга страна, грејс периодот не го поскапува кредитот, туку само го скратува периодот на отплата на главнината.

Пример: Во моментов аплицирате за станбен кредит со вклучен грејс период од 12 месеци (постојат такви понуди моментално на пазарот). Грејс периодот значи дека во тој период од Х месеци вие ја плаќате само каматата од месечната рата за кредитот. Зошто не реагирате во оваа ситуација, а реагирате во ситуација кога поради добра волја на банките тие одлучуваат да понудат поддршка во форма на грејс период за кој во оваа ситуација дури и НЕМА ДА ПЛАЌАТЕ камата веднаш, односно истата ќе се пресмета и ќе се распредели по истекот на грејс периодот подеднакво во секоја месечна рата до крајот на вашата отплата на кредитот.

Не ги одложувајте ратите ако не ви е намалена платата

Единствено логично образложение за да го прифатите понудениот грејс период, односно да го пролонгирате плаќањето на кредитни производи кон банката каде должите е доколку вашата плата е драстично намалена, или онаа најнепосакуваната ситуација доколку поради кризата останете привремено без месечни приходи.

Пролонгирањето на кредитот, под претпоставка дека вашите месечни примања ќе останат непроменети е крајно нелогичен чекор поради две причини. Првата, бидејќи ќе се соочите со дополнителен трошок на име камата за периодот додека трае грејс периодот (6 месеци), додека Втората причина е тоа што ќе го продолгирате периодот на отплата за дополнителни 6 месеци, односно под претпоставка дека последна рата од кредитот требала да ви биде во декември 2025 година, по промената последна рата ќе ви биде во јуни 2026 година.

А, во врска со средствата кои ќе ги “заштедите” во текот на тие шест месеци, истите секако ќе ги релоцирате и потрошите за други намени кои можеби и не се толку неопходни, но во случај кога ќе ви останат на располагање парите од неплатената рата секако ќе ви изгледаат примамливи за да ги потрошите и да си причините одредено задоволство.

Банките предвреме платија аконтации за данок на добивка

Пред да критикуваме, треба да сме реални! Голем дел од банките, можеби и сите однапред платија аконтации за данок на добивка за 2020 година. Почнувајќи од Комерцијална, Халк, Шпаркасе, ПроКредит, ТТК, итн да не ги набројуваме сите банки. Да бидеме прецизни, ова никој не го побара од банките, тие на своја рака одлучија да го направат овој потег со цел да дадат поддршка на економијата, која во моментов е раздрмана.

Што значи тоа? Дека наместо обврските по основ на данок на добивка за 2020 година да ги плаќаат на 12 еднакви делови до крајот на годината, тие одлучиле да ја потпомогнат ликвидноста на државата и наеднаш да извршат предвремено плаќање на вкупните месечни аконтативни обврски за данок на добивка.

На тој начин се дава огромна поддршка на државата која може да ги користи овие средства уште веднаш за поддршка на стопанството и на граѓаните, преку првиот и вториот бран економски мерки кои досега беа презентирани.

Укинати провизии за електронско и мобилно банкарство

Бидејќи беше прва мерка, како сите ние да ја подзаборавивме. На иницијатива на НБРСМ банките уште на самиот старт на вонредната состојба и на апелите од страна на сите надлежни институции да се седи дома ги укинаа провизиите за плаќања преку електронско и мобилно банкарство за физичките лица. Оваа мерка, освен што придонесува кон заштеда за граѓаните, директно ја намалува и френвенцијата на посети во банките, а движењето во банки и други институции е ризик фактор за пренесување на вирусот.

И за поздравување и за почит е тоа што банките се откажаа од дел од своите приходи, без разлика колкави се истите во однос на нивниот профит и приходи!

Ups & Downs

Кога банката ќе ви одобри кредит, таа е најдобрата институција што постои на светот! И тоа е така се некаде до моментот кога ќе треба да се плати првата рата. Од тој момент па натаму секоја следна рата се зголемува револтот кон банката, која да не заборавиме ВИ ПОМОГНАЛА тогаш кога највеќе ви било потребно.

Сите ние кога подигнуваме кредит потпишуваме Договор и начин на отплата (амортизационен план). Да, во меѓувреме можат да се случат многу работи и неизвесности додека се плаќа кредитот, но во ниту еден случај за тоа не треба да ја обвините банката.

И имајте на ум, дека може повеќе – секогаш може повеќе, но дека е огромна поддршката која банките ја даваат во моментов мора да се признае!

(Банкарот)

Колумни

Колумна на Глигор Бишев: Солидарноста и пазарната економија

Објавено

на

Банките се институции од посебно значење. Намалувањето на ризичното однесување на банките и нивното банкротирање се врши преку три механизми: а) воведување на супервизорски стандарди и супервизија над работењето на банките; б) транспарентност и пазарна дисциплина; и в) ефикасно корпоративно управување. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Криминалците ја користат кризата Covid-19 за финансиски криминали

Објавено

на

Пандемијата COVID-19 доведе до невидени глобални предизвици, човечко страдање и економско нарушување. Огромен број на канцелариски работници на глобално ниво може да работат од дома, вклучително и до 90% од банкарските и осигурителните работници. Повеќето од овие вработени се најавуваат на системите на нивните фирми од далечина, присуствуваат на состаноци користејќи ја технологијата, и имаат пристап до податоци кои што не се јавни преку Интернет – понекогаш преку домашни компјутери и приватни уреди. Бидејќи клиентите на повеќето финансиски институции, исто така, остануваат дома, вршењето финансиски трансакции преку Интернет станува не само погодност, туку и неопходност. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

“Кешот” останува крал за перење пари

Објавено

на

Речиси сите криминални активности даваат профит, честопати во готовина. Затоа криминалците бараат начини истите да се перат преку најразлични начини. Ова се спроведува од страна на транснационални групи на организиран криминал, без оглед на нивното етничко потекло или географската локација. Активностите за перење пари се толку раширени од релативно едноставна причина: Организираниот криминал е деловна активност која работи за финансиска корист. (more…)

Продолжи со читање

Популарно