Connect with us

Компании

“Не загадувај, со твоја торба пазарувај“ е пораката која Купи На Рати ја испраќа оваа пролет

Објавено

на

По повод денот на пролетта и екологијата, Купи На Рати (kupinarati.mk), онлајн продавница со голема герила акција која носи порака “Не загадувај, со твоја торба пазарувај“ чија цел е да се заменат пластичните кеси со торби. За таа цел, тимот на Купи На Рати подели еко неткаени торби на граѓаните во пазарот во Битола, кои ќе им служат за пазарување подолг период.

“Како компанија која има за цел да ја зголеми еколошката свест за загадувањето, решивме да им поделиме на граѓаните торби со кои ќе пазаруваат подолг период. Време е да се исфрлат од употреба пластичните кеси. Пластичните кеси содржат многу штетни состојки кои ги уништуваат природните ресурси и остануваат во водата, воздухот, храната. Секој еден може да започне да ги менува сопствените навики, барем во однос на секојдневното купување. Торбите се мултинаменски, лесно ги собира секаде, се користат подолг период и не се уништуваат како пластичните кеси. Оваа акција планираме да трае подолг временски период со што ќе се одвива во повеќе фази. Нашата најголема цел е да ги едуцираме граѓаните да станат еколошки свесни.“ – изјави Радојка Димитријеска Јошевска од тимот на Купи На Рати.

Пластичните кеси се втор најзастапен отпад во нашата земја. Секојдневно кога купуваме, речиси секогаш добиваме пластична кеса. Во нашата земја, годишно се употребуваат 500.000.000 пластични кеси од страна на населението. Процесот на распаѓање на една пластична кеса може да трае и до 500 години.

Иако голем број земји ја намалуваат употребата на пластичните кеси или ја сведуваат на минимум, сепак на светско ниво се користат 1.000.000 пластични кеси секоја минута. Просечно пластичните кеси се користат само 25 минути, додека торбата се користи подолг период.

Компании

Телеком воведува тарифи со неограничен интернет за прв пат на пазарот

Објавено

на

Македонски Телеком воведува тарифи со неограничен интернет како одговор на сè поголемата потреба од онлајн работа, забава и комуникација. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата низ Македонија

Објавено

на

Македонски Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата на целата територија на Македонија. Во тек е интензивна работа на терен со партнерот Ериксон за замена на постоечката технологија со опрема од најновата генерација којашто ќе овозможи 5G услуги, поголем капацитет и подобро корисничко искуство. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Драматични загуби на некогаш најбогатиот Кинез

Објавено

на

Акциите на „Алибаба“ незапирливо паѓаат на берзите, а поради тоа драматично се топи богатството на некогаш најбогатиот Кинез Џек Ма. Милијардерот изгубил околу 30 милијарди долари во изминатата година и моментално тежи “само” 38,6 милијарди, наспроти максималното негово богатство од 66,6 милијарди долари кога акциите на неговата компанија „Alibaba“ на берзите беа едни од најскапите и најбараните. (more…)

Продолжи со читање



Популарно