Connect with us

Останато

Не ги пропуштајте најголемите Black Friday попусти на Grouper

Објавено

на

Празникот на попустите од година во година станува се попопуларен и кај нас, a љубителите на шопингот очекуваат со нетрпение да се впуштат во потрага по добри зделки и заштеда.

Еуфоријата на Grouper.mk стратуваше уште вчера со попусти до 90% на што ви душа сака.

Oваа година вистинскиот Black Friday e онлајн, без гужви и турканици, со стотици нови зделки на секој час, уникатни попусти и промоции за сечиј вкус. Новогодишни и early booking патувања, изобилство од храна и пијалоци, интересни подароци, третмани за разубавување и масажи, кујнски апарати и електроника се само мал дел она што ќе може да се купи овие денови. Она што е сигурно e дека ќе има избор од 1000 зделки со луди цени и ограничени количини!

Попустите траат цел викенд, заклучно со понеделник, Cyber Monday 02.12, што во превод е понеделникот после лудиот петок, и во истиот тренд ќе има нови 100 зделки со луди цени со рок од само 24 часа.

Уште пред две седмици Grouper започна со најава на шопинг лудилото преку “загревање” со BLACK FRIDAY WARM UP премиум зделки со ексклузивни попусти од различни модни брендови за обувки, облека, модни дотаци и услуги.

Grouper е препознатлив по уникатните маркетинг кампањи и промоции, а како што и самите велат, горди се што веќе 6та година по ред заедно со повеќе од 300 компании ги подготвуваат најдобрите Black Friday зделки. Празникот на попустите е посоебно возбудлив и значаен ден за тимот на Grouper за кој велат дека е нивен патронат кој го празнуваат со огромни продажби и посети од преку 100.000 во еден ден.

Слоганот на кампањата e Купи пред да ти го купат, па затоа немојте да задоцните и да ги пропуштите најголемите Black Friday попусти во земјава!

Останато

Ангеловска: Реотварањето на економијата – побрзо, приходите во јуни – подобри од очекуваното

Објавено

на

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на COVID-19 кризата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Се заокружи второто тримесечје на МојДДВ за 2020 година, исплата ќе се врши во август

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 30.06.2020 година се заокружи второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на „Airbnb“, Брајан Чески: „Ни требаа 12 години да го изградиме брендот, а изгубивме скоро сè за само 6 недели“

Објавено

на

Можете да поминете децении во градењето на вашиот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија на непознат вирус. Ова е точно она што и се случи на компанијата „Airbnb“ и на нејзиниот извршнен  директор Брајан Чески, со појавата на Ковид-19 годинава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно