Connect with us

Лични финансии

Нефункционални кредити ‒ што значат од аспект на банкарските клиенти?

Објавено

на

Нефункционалните кредити се меѓу основните термини коишто се користат при анализа на работењето на банките и банкарските ризици. Станува збор за кредити кај коишто, во основа, отплатата од страна клиентите е со одредено временско задоцнување. Вообичаено, регулаторот прецизно го дефинира времето на доцнење при кое кредитот се вклучува во групата на нефункционалните кредити. Најчесто, тоа е доцнење од 90 дена и повеќе.

Согласно со регулативата и барањата на регулаторот, секоја банка мора да издвојува резервации за овие нефункционални кредити, или едноставно кажано резерви со кои се покриваат загубите од евентуална ненаплатливост на кредитот. Вообичаено, како што се зголемува доцнењето, така се зголемуваат и бараните резервации. Овие резервации претставуваат трошок за банката и влијаат врз нејзината добивка, а со тоа на крајот и на нејзиниот капитал, или оценетата потреба за дополнителен капитал.

Од страна на регулаторот, а во нашата земја тоа е Народната банка, со ова регулаторно барање јасно им се укажува на банките дека морат да водат грижа за редовна наплата на кредитите или да издвојат соодветни резервации, коишто во крајна линија ќе ги заштитат билансите на банките, а секако со тоа и депозитите на клиентите.

Што значат нефункционалните кредити гледано од аспект на клиентите на банката кои доцнат со отплатата на кредитот? Редовноста на клиентите во однос на отплатите на добиениот кредит е дел од кредитната историја за тој клиент и таа се евидентира во Кредитниот регистар на Народната банка, како и во Македонското кредитно биро.

Вообичаено, извештајот за кредитната историја, односно за редовноста во отплатите на тековните и претходните кредити е еден од основните документи коишто ги бараат банките при добивање барање за кредит. Следствено, нередовните отплати на кредитите доведуваат до намалени изгледи за добивање нов кредит. Од овие причини, во интерес на клиентите е да водат сметка за секое ново задолжување и за подготвеноста за навремени отплати на земените кредити.

Банките и самите клиенти треба да се грижат за редовна отплата на кредитот, со цел тој да не стане нефункционален. Доколку од некои причини тоа сепак се случи,  постои можноста за реструктурирање на кредитите кога клиентот се соочува или е извесно дека ќе се соочи со финансиски тешкотии. Реструктурирањето најчесто се прави преку промена на некој од основните услови на кредитот (одложување на отплатата на главницата и/или каматата, намалување на каматната стапка, продолжување на рокот на достасување на кредитот и сл.) со цел да му се помогне на клиент кој неочекувано се нашол во потешка финансиска состојба и задоцнил со отплатите. Со ваквите олеснувања, се дава можност кредитот повторно да се врати во редовна динамика на отплата.

Што треба да знаете за нефункционалните кредити на банките? 

Нефункционалните кредити најчесто се дефинираат како кредити кај коишто има доцнење во отплатите од страна на клиентот, што најчесто е одредено како доцнење од 90 дена и повеќе. Банките мора да се грижат за спречување или намалување на ваквите кредити, бидејќи тие наметнуваат ризици во нивното работење. Вообичаено, помалото учеството на нефункционалните во вкупните кредити е еден од показателите за помало преземање ризици од страна на  банките, иако постојат и други фактори коишто треба да се земат предвид при анализата на банките. Исто така, регулаторот се грижи за соодветното однесување на банките заради заштита на нивните средства, преку соодветни регулаторни барања. Клиентите, од своја страна, треба да се грижат за навремените отплати на земените кредити, како заради одржување на изгледите за следно задолжување, така и заради соодветно управување со сопствената задолженост.

Лични финансии

Како да ги подобрите вашите лични финансии!?

Објавено

на

Заштедата не е секогаш лесна. Но, ако сакате да бидете финансиски сигурни во староста, треба да издвојувате одредена сума секој месец. Повеќето од нас остануваат без пари, особено на крајот на месецот. Покрај киријата, трошоците, автомобилот и мобилниот телефон, во слободното време ретко сакате да направите нешто дополнително. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Најдобри опции за чување на вашите пари

Објавено

на

Во неколку наврати ја потенциравме важноста на штедењето, чија корисност не треба во никој случај да се потцени. Има безброј причини зошто да заштедите пари – тргнувајќи од заштита во случај на финансиска криза, избегнување долгови, намалување на финанскиските стресови, па сè до обезбедување финансиско наследство за вашите најмили. Доколку веќе сте ја стекнале оваа здрава навика, сосема е природно да се запрашате каде да ја чувате вашата заштеда, за истата да биде безбедна. Штедењето во банка е една од најдобрите финансиски навики што можете да ги усвоите, имајќи предвид дека доколку истите ги орочувате, износот на депонираните средства ќе се зголеми за висината на каматата. Па така, вашето штедење ќе премине во заработка. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Ворен Бафет советува како да се збогатите

Објавено

на

Уште во 1999 година, Ворен Бафет беше прашан од луѓето како да се збогатат и да станат богати колку што е тој, а тогашните негови совети сеуште можат да се применат, пишува „CNBC“. (more…)

Продолжи со читање



Популарно