Странски банки
Нето-добивката на НЛБ во првиот квартал изнесува 18,3 милиони евра

Нова Љубљанска банка (НЛБ) оствари нето добивка од 18,3 милиони евра во првиот квартал од оваа година, што е за 68 проценти помалку отколку во истиот период претходната година, објави најголемата словенечка банка.
Падот на профитабилноста во Нова Љубљанска банка (НЛБ) се објаснува со кризата поради епидемијата на коронавирус и растот на прилагодувањата на вредностите и резервациите, што енормно се искачи од 600 илјади евра во првиот квартал од минатата година на 28,3 милиони евра во првиот квартал од оваа година.
Според податоците од финансискиот извештај, како резултат на коронавирусот, во првиот квартал се формирани дополнителни прилагодувања на вредноста и резервации во висина од 24,5 милиони евра.
Нето-приходите од камати на Нова Љубљанска банка (НЛБ) во првите три месеци од оваа година достигнаа 77,4 милиони евра, што претставува намалување за три проценти во однос на истиот период лани.
Нето приходот од надоместоци и провизии, од друга страна, се зголеми за шест проценти, на 42,4 милиони евра.
Депозитите на клиентите во првиот квартал се зголемија умерено во однос на крајот на минатата година, додека бруто-кредитите на крајот на првиот квартал изнесуваа 8,13 милијарди евра, што е за два проценти повеќе отколку на крајот на последниот квартал од 2019 година.
НЛБ одржува силна ликвидна позиција на ниво на Групацијата и на ниво на нејзините членки. Вкупната стапка на капитал е 18,5 проценти, што е цврста основа за покривање на сите регулаторни барања во однос на капиталот и во влошени и заострени околности на епидемијата на коронавирус, објави НЛБ.
Странски банки
Лагард: Економијата во Еврозоната во подобра состојба од очекуваното

„Економската активност на еврозоната е забавена во споредба со 2022 година, но оваа година ќе биде „значително подобра“ од предвиденото – и покрај инфлацијата и енергетската криза”, изјави во Давос претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. (more…)
Странски банки
Светска банка ја ревидираше прогнозата за раст на македонската економија

Светска банка ги ревидираше своите очекувања во однос на бруто домашниот производ (БДП) на Македонија. Новата прогноза на Светската банка е раст на економијата за 2,4 проценти во 2023 година. (more…)
Странски банки
Европската централна банка: Реалните плати во еврозоната драстично паѓаат

Реалните плати во еврозоната се значително пониски отколку во периодот пред пандемијата и, веројатно, ќе се намалат уште повеќе во наредните месеци поради брзиот раст на цените, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје