Странски банки
Нето-добивката на НЛБ во првата половина на 2020 година изнесува 73,7 милиони евра

НЛБ Групацијата оствари нето добивка од 73,7 милиони евра во првата половина од оваа година, што е за 22 проценти помалку во однос на истиот период претходната година, објави најголемата словенечка банка.
Бизнисот во првите шест месеци беше одбележан со епидемијата на вирусот Ковид-19, но надзорниот одбор утврди дека групацијата работи стабилно и профитабилно, и покрај растот на прилагодувањата на вредностите и резервациите, објави НЛБ.
Во првите шест месеци, НЛБ Групацијата оствари нето приходи од работењето во износ од 260 милиони евра, што е идентично како и во првото полугодие од минатата година, и речиси непроменета добивка пред исправка на вредноста и резервации во износ од 115,2 милиони евра, што претставува намалување од еден процент споредено со истиот период лани.
Прилагодувањата на вредностите и резервациите во првото полугодие изнесуваат 33,2 милиони евра, наспроти 5,5 милиони евра во истиот период од претходната година.
Негативното влијание на корона кризата беше делумно компензирано со еднократна продажба на должнички хартии од вредност во износ од околу 330 милиони евра, што имаше позитивно влијание врз работењето на НЛБ Групацијата во износ од 17,2 милиони евра и успешната продажба на НЛБ Вита во вториот квартал со придонес од 11 милиони евра.
Странски банки
Лагард: Економијата во Еврозоната во подобра состојба од очекуваното

„Економската активност на еврозоната е забавена во споредба со 2022 година, но оваа година ќе биде „значително подобра“ од предвиденото – и покрај инфлацијата и енергетската криза”, изјави во Давос претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. (more…)
Странски банки
Светска банка ја ревидираше прогнозата за раст на македонската економија

Светска банка ги ревидираше своите очекувања во однос на бруто домашниот производ (БДП) на Македонија. Новата прогноза на Светската банка е раст на економијата за 2,4 проценти во 2023 година. (more…)
Странски банки
Европската централна банка: Реалните плати во еврозоната драстично паѓаат

Реалните плати во еврозоната се значително пониски отколку во периодот пред пандемијата и, веројатно, ќе се намалат уште повеќе во наредните месеци поради брзиот раст на цените, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје