Компании
НЕПРИКОСНОВЕН ЛИДЕР ВО ТВ ИНДУСТРИЈАТА – Македонски Телеком со раст на приходите, инвестиции и ширење на 5G мрежата во првите 9 месеци од 2021


Во првите девет месеци од 2021 година, Македонски Телеком продолжува со успешното работење во сите сегменти. Приходите од продажбата се зголемени за 5,7 проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 8.378 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 8,6 проценти, во споредба со истиот период претходната година.
Милионски инвестиции и ширење на 5G мрежата
Со инвестиција од 45 милиони евра за периодот 2021-2025 година, Македонски Телеком ја модернизира радио пристапната мрежа низ цела Македонија со најнова опрема од петтата генерација. Во моментов, 1/3 од мобилната мрежа е целосно подготвена за обезбедување 5G услуги.
Продолжуваат и инвестициите во оптичката мрежа и расте бројот на оптички пристапи во земјата. На крајот од првите девет месеци од годинава, повеќе од 240 илјади корисници имаат пристап до оптика, што е за 12 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.
Лидери на ТВ пазарот
Македонски Телеком повторно го потврдува лидерството на ТВ пазарот со својот удел од 34,4 проценти. Во првите девет месеци, базата на корисници е зголемена за 3,5 проценти во споредба со истиот период од претходната година и сега изнесува 145 илјади корисници. Со богатите содржини и уникатното искуство на интерактивната телевизија, приходите од овој сегмент пораснаа за 3,1 проценти.
Раст во интернет, мобилни и фиксни услуги
Македонски Телеком бележи раст и во интернет сегментот со зголемен број на корисници за 4,7 проценти и зголемен пристап до широкопојасен интернет за 4,1 проценти во споредба со истиот период од 2020 година. Бројот на интернет корисници сега изнесува 195,7 илјади, а уделот на пазарот е 49,8%. Зголемен е и бројот на корисници на фиксна телефонија за 2,5 проценти и на мобилна за 5,1 проценти. И приходите од мобилните услуги во првите девет месеци од 2021 година бележат зголемување од 7,1 проценти во споредба со истиот период лани. Според сите параметри, Телеком бележи позитивни трендови во првите девет месеци од 2021 година.
Успешните резултати од нашето работење се потврда и поттик да продолжиме со континуирани инвестиции во најнапредна технологија и најдобри услуги за корисниците.
Компании
Во тешки околности, раст на приходите и добивката на Групацијата Триглав


Во тешките околности од првиот квартал од 2022 година, Групацијата Триглав ги зголеми вкупните приходи за 12% (442,9 милиони евра) и го зголеми обемот на бруто полисираната осигурителна премија (407,1 милиони евра) за 10% во споредба со истиот период минатата година. (more…)
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности


Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)
Компании
Ванчо Чифлиганец и Адора ќе добијат енормни 3,1 милиони евра дивиденда од Комерцијална банка!


Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје