Connect with us

Домашни банки

НЕПРИКОСНОВЕНИ НА ВРВОТ – Стопанска банка АД Скопје оствари профит од 33,5 милиони евра за девет месеци

Објавено

на

Сериозните предизвици од глобалната геополитичка и економска криза наметнуваат нова реалност во секојдневното живеење и работење на сите економски субјекти. Високите цени на енергенсите и базичните производи, растот на инфлацијата и на каматните стапки заедно со високата неизвесност за идните случувања на сите полиња на глобален план, претставуваат значително променета околина која наметнува потреба од соодветни прилагодувања на сите субјекти на пазарот.

Како и во досегашниот период Стопанска банка АД Скопје продолжува со успешно работење кое е овозможено од здравите фундаменти на Банката, успешно воспоставениот бизнис модел, силната капитална позиција, перманентните напори за постојани прилагодувања согласно промените во околината, како и применетите високи стандарди во делот на управувањето со ризиците и корпоративното управување.

Заклучно со третиот квартал од 2022 година, Стопанска банка АД Скопје оствари добивка по оданочување во износ од 2.060.998 илјади денари. Ваквиот финансиски резултат Банката го остварува со актива која на 30.09.2022 година изнесува 116.961.561 илјади денари, зголемена за 3% во однос на крајот од минатата година.

Биланс на успех

Нето-приходите од камати изнесуваат 3.049.596 илјади денари и се зголемени за 7% во однос на истиот период од минатата година, како резултат на зголемените кредитни активности и врз основа на тоа-зголеменото кредитно портфолио на Банката.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 666.658 илјади денари и се зголемени за 5% во однос на анализираниот период во 2021 година. Ова е резултат на зголемен обем на активности односно зголемен обем на испорачани услуги на клиентите, од кои најмногу во делот на услугите во платниот промет и картичното работење.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 121.119 илјади денари и забележаа пораст од 24% како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар.

Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 58% и изнесуваат 513.722 илјади денари.

Оперативните трошоци од работењето забележаа зголемување од 7% во согласност со инфлаторните притисоци, при што трошоците за вработени изнесуваат 701.247 илјади денари, додека останатите оперативни трошоци изнесуваат 728.219 илјади денари.

Во анализираниот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа, во износ од 627.085 илјади денари, која е зголемена за 3% во однос на истиот период од претходната година.

Биланс на состојба

Вкупната актива изнесува 116.961.561 илјади денари и е повисока за 3% односно 2.858.862 илјади денари во однос на крајот од минатата година.

Паричните средства и паричните еквиваленти споредени со крајот на 2021 година се пониски за 2.527.161 илјади денари, односно за 12%, како резултат на порастот на кредитните активности на Банката и употребата на ликвидноста за оваа намена.

Кредитите на и побарувањата од други комитенти остварија нето пораст од 7% споредено со крајот на минатата година и изнесуваат 83.452.762 илјади денари.

Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат 324.594 илјади денари и бележат зголемување во однос на крајот на 2021 година за 17%.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 11.884.657 илјади денари и се намалени за 3% во однос на крајот на минатата година, како резултат на зголемените кредитни активности на Банката, односно пласманот на овие средства кај населението и компаниите.

Останатите побарувања забележаа пораст од 10% и изнесуваат 1.724.643 илјади денари.

Вкупните депозити на други комитенти изнесуваат 88.125.694 илјади денари.

Капиталот и резервите изнесуваат 21.888.299 илјади денари, што претставува зголемување за 11% во однос на крајот на 2021 година. Имено, со Одлука на Собранието на акционери на Банката, донесена во мај 2022, сопствените средства се зголемени за нови 30 милиони евра, капитал кој обезбедува основа за понатамошен раст на кредитините активности и реализација на зацртаните бизнис-цели во наредниот период.

Домашни банки

Уникатна кобрендирана картичка на пазарот – Шпаркасе Банка и АМСМ со многу бенефити за корисниците

Објавено

на

Шпаркасе Банка и АМСМ официјално потпишаа договор за меѓусебна соработка и во оптек ја лансираа новата кобрендирана Visa кеш бек кредитна картичка за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Објавено

на

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Популарно