Connect with us

Останато

Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

Објавено

на

Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа го исклучително тешка состојба, а деловните субјекти поради тоа што не се во состојба да ги подмират достасаните обврски се принудени да ја прекинат својата деловна активност со што се доведува во прашање одржувањето на голем број работни места.

Ако итно и неодложно не се исплати поддршката предвидена со петтиот пакет на мерки и не се обезбеди дополнителна директна и неповратна финансиска помош за овие сектори кои принудно поради рестрикциите не работат, постои реална опасност туризмот и  угостителство како сродни гранки силно погодени од здравствено-економската криза неповратно да бидат оштетени и голем број ентитети од овој сектор да згаснат, предупредува Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.

Од декември нема никаква помош, а веќе сме април. Претпријатијата од овие сектори остро реагираат поради задоцнетата имплементација на последниот пакет на економски мерки. За секторите кои бележат пад на промет од над 80%, а во некои дејности падот е и 100% оваа помош е повеќе од неопходна. Поддршката за исплата на платата за јануари воопшто не е предвидена, а за месеците февруари и март иако до сега веќе требаше да биде исплатена, се уште се чека на донесување на законската регулатива која е неопходна за имплементација. Состојбата дополнително се влошува и поради тоа што носењето на новите рестриктивни мерки кои значат речиси целосно затворање на објектите од угостителство, дел туризмот и сродни објекти, не е проследено со дополнителна финансиска помош. Рестриктивните мерки  за заштита на здравјето на граѓаните се пред се, но сметаме дека паралелно со нивното носење треба да се креира и додели соодветна помош за претпријатијата.

„Следејќи ги активностите на надлежните институции, но и на оние од кои во поширокиот општествен контекст од кои зависи имплементација на економските мерки се добива впечаток дека свесно се дозволува затворање на претпријатијата од туристичко- угостителскиот сектор со што се загрозуваат огромен број работни места. Во услови кога деловните субјекти се оставени сами да се снаоѓаат излезот се бара во намалување на трошоците кои во услови на немање деловна активност значи редуцирање на работни места. Потенцираме дека доколку се дозволи затворање на работните места ќе бидат потребни многу повеќе средства и време за нивно повторно отворање отколку што е сега потребно за нивно одржување и во прашање се доведува дали воопшто некогаш ќе се отворат доколку згаснат претпријатијата“, вели Ана Марија Алексова, член на Управен одбор на ТУК.

Таа потенцираме и дека се ризикува да се најдеме во ситуација кога ќе се создадат услови за повторна активност на туристичкиот сектор да нема професионални и лиценцирани туристички агенции, професионални и лиценцирани туристички работници и водичи.

„Тоа не треба да се дозволи во мала и отворена економијата како нашата во која туристичкиот сектор е еден од оние кои можат да дадат сериозен стимул за раст и развој по надминување на кризата. Очекуваме надлежните институции да овозможат помошта од петтиот пакет итно да биде исплатена, да се даде неповратна финансиска поддршка за дејностите кои се опфатени со рестриктивните мерки, како и да се преземат мерки за спас на претстојната туристичка сезона“, изјави Алексова.

ТУК бара да биде редизајнирана економската мерка „ваучерите за туризам“ која и досега беше дел од пакетот за спас и за која има најава дека ќе продолжи. Имено потребно е во нејзината имплементација вклучување на сите сегменти на туристичката дејност. Тоа би подразбирало овие ваучери да бидат достапни и да се реализираат преку туристичките агенции, со вклучување на категоризирани хотелите, лиценцирани туристички водичи, превозниците од транспортниот сектор со што граѓаните би добиле комплетна услуга, а средствата кои се доделуваат како помош на тој начин би биле распределени на сите чинители на кои им е потребна.

Останато

Нина Ангеловска по втор пат избрана за “жена амбасадор за е-трговија” на УНКТАД

Објавено

на

Нина Ангeловска, по втор пат беше избрана за „жена амбасадор на e- трговија“ од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Објавено

на

Информациските и комуникациски технологии доколку се користат на соодветен начин можат да допринесат за значително подобрување на квалитетот на живот, работа и создавање нови вредности, со што повеќекратно се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии, реагира Саша Огненовски од ИКТ Комората на Македонија поврзано со полемиките кои се водат во јавноста околу воведување на дигитализација на учебниците во образовниот процес. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ и УНДП потпишаа Меморандум за унапредување на фискалната децентрализација, реформи во јавните финансии и економски развој

Објавено

на

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ги поддржи планираните реформи во насока на унапредување на фискалната децентрализација во земјава и зајакнување на капацитетите на локалните власти, како и градењето подобар систем на јавни финансии, воопшто. Помеѓу Министерството за финансии, претставувано од министерот за финансии, Фатмир Бесими и постојаната претставничка на УНДП во земјава, Нарин Сахакјан беше потпишан Меморандум за разбирање, којшто предвидува соработка во повеќе области. (more…)

Продолжи со читање


Популарно