Connect with us

Анализи

Нео банки – уште еден предизвик за традиционалното банкарство?

Објавено

на

Со нови иновативни концепти и нови финасиски учесници на пазарот, се чини дека не недостасуваат нови тенденции во банкарството. Дали сте слушнале за банките Moven или Simple, или GoBank? Можеби за Bluebird (American Express) или Mobile Money (T-Mobile)? Ова се сите Нео-Банки. Коренот на зборот “нео” на грчки значи “млад” и “нов”.Значи, што е “Нео-банка”? Во принцип, нео-банка е институција која обезбедува управување со сметката, припејд дебитни карти и некоја форма на штедење без традиционален пристап. Точно, нема филијала и процеси се одвиваат со користење на мобилни телефони и веб-страници. Ова обично вклучува опции како што се мобилно банкарство, P2P плаќања, мобилни алатки за буџетирање и дигитално создавање на сметки во реално време. Во Соединетите Американски Држави, овие институции се директно или индиректно под контрола на Федералната заложба за осигурување на депозити (FDIC).

Нео-банкарството се разликува од традиционалното банкарство и во своите процеси не вклучува голем број луѓе. Оно овозможува лесно и едноставно отворање на сметки, со целосно дигитализирани процеси. Нео-банка е совршена за млади луѓе со едноставни барања, кои своите потреби и обврски кон банката може да ги задоволат со користење на smart телефони, банкомати и слично. Голема е веројатноста банките да овозможат вакви услуги во блиска иднина.

Овие нови учесници се нарекуваат “challenger banks” или во преводот “банки предизвикувачи”. Специјализирани се за точно определени услуги, посебно дигитални, во кои може да се истакне услуга, а не само цената, а со тоа и да се обезбеди побрзо пораст. Се издвојуваат по својата транспарентност, супериорните бази на податоци, поевтини услуги и поедноставни бизнис модели кои самите ги намалуваат трошоците.

Додека нео-банките ги нудат мобилните банкарски опции во соработка со традиционалните банки, останатиот дел од нео-банките кои се борат против банките се стремат да станат независни лиценцирани финансиски институции, кои ќе создадат нови банкарски искуства и нови модели.

Анализи

Петте најголеми банки поседуваат 81,3% од вкупната банкарска актива, ќе успеат ли помалите банки да конкурираат во иднина?

Објавено

на

Банкарскиот сектор во Македонија се окрупнува во последните две години, кога во 2020 година згасна Еуростандард Банка АД Скопје, додека во 2021 година Охридска банка АД Скопје се припои кон Шпаркасе Банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Виза со најголем број на платежни картички, вкупно 31.566 картички се дигитализирани преку мобилен телефон или паметен уред

Објавено

на

Согласно најновите објавени податоци за издадени платежни картички заклучно со 30.09.2021 година од страна на Народната банка, можеме да заклучиме дека продолжува трендот на издавање и користење на бесконтактни картички и нивна дигитализација, односно користење за плаќање преку мобилен телефон, паметен часовник или други паметни уреди.  (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои се петте најпрофитабилни македонски компании заклучно со третиот квартал од 2021 година!?

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор полека, но сигурно се опоравува од пандемијата на коронавирусот, а доказ за тоа е профитабилноста на компаниите. Заклучно со третиот квартал од годинава, македонските компании ја зголемиле добивката за 52,30 проценти во однос на истиот период од претходната година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно