Connect with us

Платежни картички

Неограничен број задоволства со Mastercard картичките на Халкбанк

Објавено

на

Патување во Италија, шопинг во Шпанија, летови до далечни земји… Со Mastercard картичките од Халкбанк, на располагање ја имате целата леснотија на пазарувањето, патувањата и воопшто уживање во малите работи. Без разлика дали станува збор за дебитна или кредитна картичка, во Mastercard на Халкбанк е содржана целата комоција при плаќање дома или во странство.

Меѓународната карактеристика на оваа картичка, покрај тоа што ви овозможува со своите пари да располагате и кога сте во странство, е што може да ја користите и за безбедно купување преку интернет.

Посебните поволности на Mastercard од Халкбанк картичките овозможуваат, безгрижно да патувате и да плаќате дури и најмали суми и тоа бесконтактно.

Со сите Mastercard Contactless, можете брзо и лесно да плаќате бесконтактно секаде каде што го има знакот за бесконтактно плаќање за износи до 750 денари. Без авторизација со потпис или пин, брзо, едноставно и безбедно, а при тоа на располагање го имате целото време да се посветите на саканите задоволства.

Mastercard Contactless debit има и особено позитивна карактеристика која овозможува повлекување на готовина од сите банкомати во нашата држава, без провизија, за корисниците кои примаат плата преку Халкбанк.

Mastercard World покрај тоа што ви го отвора прозорецот кон светот уште ве води во ексклузивниот клуб на корисници на премиум картички од брендот Mastercard и истовремено ве прави член на Премиум клубот на Халкбанк. Прекрасните светски туристички дестинации ве очекуваат, а поседувањето на Mastercard World овозможува посебен третман во над 800 аеродроми насекаде во светот користејќи ги привилегиите на Lounge Key програмата.

Притоа, со кредитните Mastercard картички како дополнителна вредност се добиваат и низа бонус можности кои Халкбанк ги нуди за своите клиенти.

Халкбанк со Mastercard картичките ви овозможуваат безгрижно да уживате во секој момент. Едноставно, бесценето.

Платежни картички

Мастеркард го отвора првиот европски центар за компјутерска безбедност

Објавено

на

„MasterCard” го отвора својот прв Европски центар за компјутерска безбедност, соработувајќи со регулаторите и креаторите на политики, за подобрување на размената на разузнавачки информации и борбата против заканите за платниот екосистем во регионот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Охридска банка доби сертификат за работење по највисоки меѓународни стандарди во платежната индустрија

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје се стекна со сертификат за PCI DSS стандардот (Payment Card Industry Data Security Standard)  и ја потврди усогласеноста во работењето по највисоките меѓународни сигурносни стандарди во платежната индустрија. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Бизнис бар: На што да внимавате пред да ги испринтате вашите бизнис картички

Објавено

на

Дигиталните медиуми го зазедоа светот на маркетингот, но сепак некои од традиционалните начини на маркетинг, како давање бизнис картички, никогаш нема да излезат од мода. Тие се професионален детал за вашиот целосен впечаток што може многу позитивно да влијае врз потенцијалните соработници и потрошувачи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно