Криптовалути
Нексо и Мастеркард ја претставија кредитната картичка базирана на криптовалути

Дигиталната компанија за трговија и кредити со криптовалути „Nexo” објави дека во соработка со глобалната компанија за картички „Mastercard”, во Европа ја пушти во употреба првата кредитна картичка во светот базирана на криптовалути.
„Nexo” картичката првично ќе биде достапна само во неколку европски земји и ќе функционира како кредитна картичка со дигитални средства како залог за одобрениот заем.
Картичката е поврзана со кредитната линија што ја одобрува „Nexo” и се заснова на депонирани криптовалути. Може да ја користат 92 милиони трговци ширум светот кои прифаќаат плаќања со „Mastercard”. Купувачите ќе можат да потрошат до 90 проценти од депонираната криптовалута.
„Картичката не го вклучува минималниот износ на отплата (кредит), месечни рати или провизии за неактивност. Нема девизни провизии за износи до 20.000 евра месечно“, велат од „Nexo”.
Потрошувачката не е ограничена, ниту сумата што може да се повлече од отворена кредитна линија, а каматата се плаќа само на искористениот износ на кредитот. За клиентите со коефициент заеми и депозити од 20 проценти, тој е 0 отсто.
Повеќето традиционални кредитни картички не се обезбедени со депозит и вклучуваат лимит за трошење.
„Mastercard увидува дека дигиталните средства суштински го менуваат светот на финансиите“, рече Раџ Дамодаран од „Mastercard”.
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
Криптовалути
Премиерот Ковачевски апелира: Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја!

Премиерот Димитар Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. (more…)
Криптовалути
Ќе се формира нов регулатор кој ќе биде одговорен за регулирање на индустријата за криптовалути

Европската унија (ЕУ) планира да создаде шеста „организација против перење пари“ која ќе биде конкретно одговорна за регулирање на индустријата за криптовалути. (more…)
- Анализипред 3 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер