Лични финансии
Неколку совети од Зак Фридман – како да извлечете најмногу од парите кои ги имате


За 15 години работа во финансискиот сектор во компаниите како Blekstone и Morgan Stenli, господинот Зак Фридман гледал како компанијата може да заработи, но и да изгуби пари.
Во продолжение ви прикажуваме неколку совети од него како да извлечете најмногу пари:
1. Финансиски изненадувања можат да му се случат на секого но секогаш бидете подготвени за најлошото
Начинот на кој реагирате на финансиското изненадување може да биде еден од вашите најпрофитабилни финансиски потези. Осигурајте се, заштитете ги свoите инвестиции и секогаш имајте план Б. Кога имате резервен план, и тоа неочекуваното делува помалку проблематично.
2. Кога се во прашање Вашите пари, не постојат недолични прашања
Единствено недолично прашање е тоа кое не го поставувате. На пример, доколку не ја разбирате во целост вредноста на финансискиот производ или услуга, не дозволувајте да настане уште поголема забуна, затоа слободно прашајте се што ви е нејасно. Информирајте се и имајте на ум дека сте во право. Вие сте најдобриот заштитник на вашите финансии, а поставување на прашања е најпаметниот начин да се заштитите од донесување на погрешни финансиски одлуки.
3. Бидете внимателни кога се во прашање кредитните картички
Иако нудат бројни погодности, можат да бидат и голема финансиска катастрофа ако ве доведат во големи долгови. Бидете сигурни дека сте способни секој месец да ги покривате вашите долгови кон кредитната картичка ако дојде до тоа. Во спротивно, кредитната картична не е најдобриот избор за вас.
4. Никогаш не престанувајте да учите за парите
Учењето не престанува кога ќе завршите училиште. Со најдобрите вложувања секојдневно ги усовршувате своите вештини. Не се сметајте за најдобри, бидејќи секогаш постои нешто што не го знаете и секогаш има нешто ново што можете да го научите. Кога станува збор за финансиските совети, читањето е еден од наједноставните начини за учење односно може да ви биде една од најголемите инвестиции. Можете да учите и од луѓето за кои работите, со кои работите или кои работат за вас. Внимателно слушајте ги другите, што зборуваат и како размислуваат за парите, од секој човек може да се извлече некој корисен совет.
5. Не е важно колку пари сте имале на почетокот, секогаш е најважен крајот
Секогаш завршната точка е поважна од почетната точка. Кога станува збор за финансиски успех, не е важно од каде доаѓа, не е важно кое училиште сте го завршиле или кого го познавате. Вистината е дека тие работи можат да ви помогнат, но не ви го отежнуваат постигнувањето на финансиска слобода. Ако напорно работите, или трошите одговорно, паметно вложувате и штедите за пензија, со сигурност ќе бидете во добра финансиска состојба и ќе се стекнете со финансиска слобода. Фокусирајте се на посакуваната цел, а не на почетната точка, важна е вашата иднина, а не вашето минато.
Лични финансии
Три работи кои морате да ги знаете пред да земете кредит


Планирате да земете кредит? Овие се неколку основни работи кои мора да ги знаете пред да влезете во банка. (more…)
Лични финансии
Навики за подобри лични финансии


За почеток, почнете да трошите помалку отколку што заработувате. Тоа е златното правило за подобрување на финансиската состојба. (more…)
Лични финансии
Винко совети за штедење (прв дел) – Како да ги научите Вашите деца да штедат?


Родителите во Македонија се свесни, се повеќе се интересираат и дебатираат за детското штедење со цел да им овоможат на своите деца поквалитетно образование, самостоен и подобар живот и финансиска стабилност. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!