Connect with us

Лични финансии

Неколку совети за заштеда на пари

Објавено

на

Со штедењето на пари може да се изгради мало богатство кое ќе биде од голема помош во иднина.

Ќе ви опишеме неколку совети:

1. Потребно е да се постават краткорочни и долгорочни цели за штедење.

Поединецот кој сака да заштеди пари мора да осмисли свој план како да ги оствари целите. Така, тој би требало да одреди датум до кој тој би требало да заштеди, како и да утврди колку пари е потребно да издвојува секој месец за да ја постигне таа цел (внимавајте целта мора да биде реална и изводлива во однос на приходите).

2. Кредитните картички би требало да се користат како алатка со која ќе управувате со парите, а не како средство од кое ќе позајмувате пари.

Кредитните картички не се лоши, но потребна е голема самоконтрола. Ако картичката се користи одговорно, тогаш лицето дури може и да има бенифиции од неа. Банките заработуваат пари од оние кои не можат да се контролираат па трошат и повеќе од тоа што имаат. За да се избегне долгот на картичките се советува плаќање во готовина.

3. Штедењето треба да биде приоритет за секого и многу е важно да се остави некој одреден износ на пари на страна, а не да се остави онаа количина на пари која ви останала непотрошена.

Веднаш штом поединецот ќе добие плата, се советува да земе 10 проценти од својата плата и да ги стави на страна. Оваа метода е многу ефективна и резултира со добра навика за штедење.

4. За сите оние кои сакаат да заштедат пари, потребно е да знаат каде се наоѓаат нивните пари, колку пари имаат на раполагање и како ги трошат.

Водете пресметки на дневно, неделно и месечно ниво колку пари сте имале и каде ви отишле, што сте платиле и во наредниот месец вашите забелешки ќе ви покажат каде отишле вашите пари и кои трошоци биле сосема непотреби, па на тој начин ќе можете да ги скратите и секој нареден месец да имате поголема заштедена сума.

5. За полесно да ги користите и контролирате парите, се советува тие да се распределат.

На пример, да се одвои потребната сума за гориво, за храна, за сметки, еден дел за итни случаи, пари за на страна, па потоа од преостаната сума да се испланира купувањето за цел месец. Никогаш не практикувајте да штедите толку колку што ќе ви остане од платата, штедењето планирајте го веднаш по исплатата на месечните основни трошоци, односно сметајте го како да плаќате плус уште некоја сметка, а потоа од преостанатите пари трошете за месецот.

6. Лицето треба да пресмета колку изнесува месечната сума за плаќање на поранешните долгови (ако постојат), а кога ќе ги отплати, тие пари повторно му стојат на располагање.

Тогаш парите се ослободени од „канџите на долгот“, па можат повторно да се ставаат на страна. Се советува доколку отплаќате некакви долгови прво да ги отплатите најголемите.

Лични финансии

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс со коментар за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Во умот на успешните бизнисмени

Објавено

на

Секој од нас се стреми кон успех, но некои цели потешко се постигнуваат од други. Доколку сте сопственик на бизнис, тогаш знаете дека ова е комплексно поле, полно со неочекувани пресврти и безброј предизвици. Природно е првиот инстинкт да ни биде да пробаме сами да ги решиме проблемите, но нашето его понекогаш може повеќе да ни наштети отколку што ќе ни помогне. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Работа од дома – како да останете здрави и продуктивни за време на коронавирус изолацијата

Објавено

на

Бидејќи компаниите ги испраќаат своите работници дома поради појавата на корона вирусот, на некои од вас можеби ви се случува прв пат да работите од дома и да ви биде непознат овој начин на работење. (more…)

Продолжи со читање

Популарно