Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

Неколку интерсни случки со полисите за животното осигурување

Објавено

на

Животното осигурување е потреба, но повеќето од луѓето не ја разбираат неговата намена и сметаат дека осигурителните агенти се досадни и напорни.

Сепак, животното осигурување не мора да биде досадно, тоа може да биде многу забавно. Погледнете какви типови на животно осигурување постојат, освен класичните секојдневни на кои сме навикнати да слушаме.

Античко осигурување

Римјаните и Грците уште 600 години пред новата ера, го започнале процесот на осигурување. Тие уште тогаш решиле да ги осигураат семејствата на војниците кои се бореле и гинеле во служба на државата.

Тоа се смета за почетната форма на животно осигурување, која иако била неформална, сепак функционирала, а се надградувала и развивала со текот на годините.

Осигурување на астронаутите

Не е изненадувачки, Нил Армстронг, Баз Олдрин и другите астронаути на Аполо имале прилично тешка задача да најдат осигурителна компанија, која што ќе им издаде полиса за животно осигурување. Тие поради ризикот со кој се соочувале, но и поради тоа што не успеале да најдат ссодветна осигурителна компанија, ги земале работите во свои раце и направи еден вид свое животно осигурување. Астронаутите пред да заминат на нивната мисија на Месечината, зад себе оставиле толку многу автограми со надеж дека доколку не успеат да се вратат назад, автограмите ќе достигнат вредност со која би ги обезбедиле своите семејства.

Денес, тоа не е случај, бидејќи највлијателните осигурителни компании издаваат полиси и на астронаутите, но секако под одредени околности и специфични услови.

Осигурување (Екстремен случај)

Најголемата полиса за животно осигурување е издадена во силиконската долина. Во далечната 1994-та година, анонимна личност во Силиконската долина, направила полиса за осигурување на живот со осигурена сума од неверојатни 201 милион долари. Се претпоставува дека се работи за милијардер од технолошката индустрија. Претходниот рекорд го држел Дејвид Гифен со полиса за животно осигурување со осигурена сума од 100 милиони долари.

Секако, во денешно време постојат вакви случаи, поготово кај спортистите кои знаат да го осигуруваат своето тело на високи суми, но и тука условите се посебно утврдени.

Наследници на осигурувањето

Човек по име Луис Карлос де Норона Кабрал да Камара, од Лисабон, пред својата смрт на сопствената полиса за животно осигурување, за наследници ги запишал 70-те лица кои ги нашол по случаен избор од телефонскиот именик на Лисабон.

Освен тоа што има луѓе кои добиваат полиса во наследство “по грешка”, иако ретко, се случува и домашни миленици да се наследници на полисите за животно осигурување. Таков е случајот со милијардерката и сопственичка на ланец на хотели, Леона Хелмсли, која по својата смрт на своето куче кое пто се викало Трабл (Неволја) му оставила полиса во вредност од 12 милиони долари.

Осигурување

Измени во Надзорниот одбор на Осигурување Македонија а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп

Објавено

на

Осигурување Македонија а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Заваровалница Триглав ја разгледува можноста за издавање на нова субординирана обврзница

Објавено

на

Заваровалница Триглав информативно соопштува дека ја разгледува можноста за издавање на нова субординирана обврзница, со која што би се заменила постоечката субординирана обврзница, која што доспева во 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Кроациа осигурување Живот е дел од светското движење „Pay it forward”

Објавено

на

Оваа година Кроациа осигурување Живот се приклучува кон акцијата „Pay it forward” (направи добро дело и продолжи понатаму) во организација на женската хуманитарна организација Инер Вил Клуб Скопје Еуропеа. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange