Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

Неколку вистини за парите и инвестирањето што треба да ги знаете

Објавено

на

Многумина од нас се надеваат дека ќе станат многу богати. Повеќето сакаат да постигнат одредено ниво на финансиска слобода и мир, без да стравуваат од помислата дека ќе немаат да ги платат сопствените сметки. Но, за постигнување на тоа ниво, исто така, е потребно одредено ниво на финансиско знаење кое многумина немаат, велат експертите.

Финансиското незнаење е најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните. За жал, во училиште не се учи за основите на управување со парите, ниту пак за најефикасните начини на инвестирање, а повеќето бесплатни совети со кои се среќаваат на интернет доведуваат до збунетост кај луѓето, наместо да им бидат од корист.

Токму ова е причината зошто повеќето луѓе сè уште не можат да поминат основни тестови за финансиска писменост.

Доколку сакате да ја обезбедите својата финансиска иднина или да се збогатите, постојат неколку вистини за парите и инвестициите кои што вреди да ги знаете.

Ако сакате да се збогатате, работете за себе

Ако погледнете која било листа на најбогати луѓе, освен оние кои стекнале богатство преку наследство, повеќето богати луѓе се претприемачи. Можете да работите за некој друг, но никогаш нема да бидете повеќе платени од личноста која одлучува колку вредите. Ако започнете сопствен бизнис, единствениот лимит на приход сте вие ​​самите. И не мора да се откажете за да започнете свој бизнис, но можете да започнете свој бизнис како дополнителна работа од онаа која што ја работите постојано. На овој начин, вие го намалувате ризикот сè додека не тргне бизнисот, а кога ќе тргне, тогаш слободно можете да го напуштите работното место.

Фокусирајте се на заштедите

Иако можеби изгледа интересно да се размислува различно, повеќето од нас речиси и да немаат никаква контрола врз тоа колку нашите инвестиции вредат и колку од вложеното ќе ни се врати. Можеби секојдневно ги следиме движењата на берзата, акциите или фондовите во кои сме инвестирале, ги знаеме сите депозити кои ги нудат банките, но не се разликуваме многу од оние кои тоа воопшто не го прават. Може да се контролира само количината на пари што ги заштедуваме или инвестираме. Повеќе заштедени пари, значи и повеќе пари за инвестиции и поголеми приноси. Покрај тоа, поголемите инвеститори добиваат поповолни услови за инвестирање, пониски провизии и трошоци. Разликата од еден процент на годишно ниво на 20.000 и 200.000 е огромна.

Да заштедите значи да пронајдете начин да потрошите помалку, но во исто време, да пронајдете начин да заработите што е можно повеќе.

Позајмете само кога тоа навистина ви е неопходно

Клучот за повеќето финансиски одлуки е да се одделат желбите од потребите. Логична одлука е да подигнете кредит за купување на нов дом, додека е во согласност со она што можете да си го дозволите. Но, доколку сакате да купите автомобил, мотор или брод, а за тоа да мора да подигнете кредит, тоа задоволство може да биде многу скапо. Меѓутоа, ако купувањето на бродот или автомобилот се со намена за изнајмување или доколку работите со нив и притоа остварувате приходи, тогаш тоа се смета за инвестиција.

Кога размислувате на тој начин, вие почнувате да дејствувате економично.

Најдобрата инвестиција е инвестирање во себе

Ако сакате сигурен поврат на инвестицијата, вложете во себе, подобрете ги своите вештини, зајакнете ја вашата мрежа, зајакнете ја вашата експертиза, вашиот талент и искуство. На долг рок, тоа е убедливо најдобрата инвестиција од сите и единствената чии резултати можете речиси во целост да ги контролирате. Исто така, тоа е единствената инвестиција која може да ви помогне да живеете исполнет живот.

Лични финансии

Како да пронајдете купувачи за вашиот производ?

Објавено

на

За целосно развивање на вашата деловна идеја и претворање во специфична услуга или квалитетен производ, а потоа да ги привлечете оние кои сакаат да го користат производот или услугата и притоа цената да одговара на нивна плата, потребно е да го истражувате пазарот, да ја идентификувате вашата целна публика и да се запознаете со нејзините потреби. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Совети од Комерцијална банка за безбедно користење на платежните картички

Објавено

на

Денес, платежните картички се ширко прифатено средство за плаќање. Милиони луѓе ги користат картичките за плаќања во продавници, интернет, за нарачки преку телефон или електронска пошта. Но, поради зголемениот обем на користење од страна на клиентите се повеќе се зголемува нивната злоупотреба од страна на криминалците. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Што прават успешните претприемачи секој ден пред работа

Објавено

на

Ноќните бувови може да бидат креативни, но раните станувања се побогати и попродуктивни. Претприемачите кои сакаат да го направат тоа треба да ги прескокнат доцните ноќни сесии и да почнат рано во денот за да им помогнат на своите компании да растат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange